НОВ НАПАД ВО ВОЗ: Германец со нож повреди двајца во Австрија
Објавено во: Свет 16 Август, 2016
Германски државјанин утрово во воз нападна луѓе во покраината Форарлберг во Австрија при што повреди двајца луѓе.
Напаѓачот е на возраст од 60 години и полицијата соопшти дека имал ментални проблеми.
Жртвите се две момчиња на 19 и 17 години. Првиот е ранет во стомак и грб, а вториот во пределот на грлото.
Се работи за германски државјанин кој нема никакво мигрантско потекло.
Со помош на друг соптаник, напаѓачот е совладан и предаден на полицијата.