02 Мај, 2024
0.0246

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ГЕРМАНИЈА: Шпигел тврди дека е прислушувана Белата куќа со години

Објавено во: Свет 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Германската служба за надворешно разузнавање со години прислушувала голем број политички и економски цели во САД, вклучувајќи ја и Белата куќа, пишува во своја истрага германскиот неделник „Шпигел“. 

Списанието пишува дека видело документи, според кои разузнавачката служба има листа со близу 4.000 таканаречени „Избрани клучни зборови“ за набљудување во периодот 1998 година - 2006 година. Меѓу нив се телефонски броеви, факсови и-мејл адреси во Белата куќа , како и такви на државни секретари и министри за финансии. Меѓу другите цели за шпионажа на Министерството, се како воени објекти како воздухопловните и поморските сили, така и вселенската агенција НАСА и невладината организација „Хјуман рајтс воч“. 

Според „Шпигел“ шпионирани се исто така и голем број странски амбасади и меѓународни организации како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). 

Од германската служба за надворешно разузнавање одбија да ја коментираат истрагата на изданието.

 Германските власти жестоко реагираа кога благодарение на поранешниот службеник на американската Агенција за национална безбедност (АНС) Едвард Сноуден, во 2013 година стана јасно дека американските служби шпионирале масовно бројни меѓународни лидери, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел. Во рамките на откритијата на Сноуден исто така беше објавено дека германското разузнавање исто така помогна на АНС да шпионира и европски граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа