06 Мај, 2024
0.0413

НОВ ЗЕМЈОТРЕС: Мексиканците на нозе, во страв ги напуштаат своите домови

Објавено во: Свет 23 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Повторно се стресе Мексико, а граѓаните во паника избегаа од своите домови. 

Новиот  земјотрес ја погоди земјата во 7:53 часот  на длабочина од 10 километри со епицентар околу 12 километри северно од градот Истепек. Ова е околу 530 километри јужно од главниот град Мексико Сити кој деновиве беше разорен од земјотрес.

Мексиканската сеизмолошка управа потоа ја намали јачината на потресот на 6,1 степени, иако претходно објавија дека е од 6.4 степени.

Засега нема информации за повредени, смртни случаи или оштетувања. 

Американскиот геолошки институт во своето соопштение наведува дека постои „мала веројатност за жртви и материјални штети“ при денешниот потрес.

Претходно во саботата Оахака забележа повеќе од четири земјотреси во раните утрински часови, кои беа со јачина меѓу 4,1 и 5,8 степени. 

Имаше вкупно три земјотреси во близина на брегот кај Паредон, на длабочина од 74,2 км до 10 км.

Мексико во вторникот го погоди земјотрес со јачина од 7,1 степени при што загинаа најмалку 295 лица. Месецов имаше и земјотрес од 8,1 степени во јужната држава Чијапас.

Мексико лежи на место каде што се среќаваат три големи тектонски плочи, и поради тоа е склон кон неколку земјотреси за кратко време. 

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук