НОВА ДРАМА ВО ЧЕРНОБИЛ-РУСИТЕ ЈА ОКУПИРАА ЛАБОРАТОРИЈА: Таа е единствена во Европа која има моќни аналитички капацитети
Објавено во: Македонија 23 Март, 2022
Руските сили ја „ограбија и уништија“ лабораторијата во
близина на нуклеарната централа во Чернобил, која падна во рацете на Русија во
првите денови од војната.
„Руските окупатори незаконски ја окупираа најновата лабораторија“, соопшти државната агенција за контрола на зоната на исклучување, во која е сместена електраната.Според Агенцијата, лабораторијата преработува нуклеарен отпад и содржи „високо активни примероци“ како и радионуклиди, нестабилни радиоактивни изотопи.
„Лабораторијата претставува уникатен комплекс на моќни аналитички капацитети, кои ги нема никаде на друго место во Европа“, велат од Агенцијата.
Русите влегоа во Чернобил на самиот почеток на војната и со недели ги држеа како заложници работниците кои ги одржуваат безбедносните системи во електраната. По неколку апели од меѓународната заедница, работниците пред неколку дена беа ослободени.
ФОТО: OLEG PETRASYUK/EPA