20 Декември, 2025
0.0451

Нова финансиска помош за Кипар

Објавено во: Свет 25 Април, 2013 09:43

Добивај вести на Viber

Управниот совет на Европскиот стабилизациски механизам донесе одлука за давање финансиска помош на Кипар, пренесоа руските медиуми. Во согласност со одлуката на Еврогрупата од 25 март европските партнери на Кипар ќе му доделат девет милијарди евра, а ММФ уште една милијарда евра, се наведува во соопштението на ЕСМ, цитирано од кипарските медиуми. Претседателот на ЕСМ, Клаус Реглинг, подвлече дека доделувањето на помошта е првата комплетна програма за макроекономска стабилизација, што се финансира од Европскиот стабилизациски фонд. ЕСМ досега единствено и имаше помогнато на Шпанија и тоа со 41 милијарда евра за реформа на финансискиот сектор. Првата транша од помошта за Кипар се очекува во средината на мај. Овие средства ќе ги покријат буџетските потреби на земјата и ќе и помогнат да ги намири своите среднорочни и долгорочни долгови. Средствата ќе бидат употребени и за рекапитализација на кредитните друштва на земјата, со исклучок на „Банката на Кипар“, која според условите на спогодбата за доделување на помошта, треба да го пополни својот капитал преку оданочување на негарантираните влогови.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот