Нова локација на експозитурата на Силк Роуд Банка во Струмица
Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2021
Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиентина Банката за промена на локација на експозитурата во Струмица.
Со цел унапредување на услугите на Банката и поголема достапност кон клиентите преку модерна и пријателска работна атмосфера при користењето на банкарските производи, експозитурата на СИЛК РОУД БАНКА во Струмица, од денес 27.09.2021 година, функционира во поголем и посовремен простор на нова атрактивна локација.
Новата локација на експозитурата која се наоѓа на адреса бул. Маршал Тито бр. 20, е отворена за работа со клиенти секој работен ден од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Eкспозитурата продолжува да го опслужува сегментот население и правни лица, нудејќи сеопфатни банкарски производи и брза и квалитетна услуга. Истовремено, банкоматот кој е во склоп на новите простории им е достапен 24/7 на клиентите на Банката.
ГАЛЕРИЈА