05 Мај, 2024
0.0297

Ципрас: Македонска нација не постоела во античко време

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил дека македонската нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела ниту нација на Атињаните и Спартанците“.

„Македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците. Античка Македонија беше голема сила на античкиот грчки свет која се прошири, особено во времето на Александар Велики , многу пошироко од денешната географски област Македонија“.

Ципрас ја дал изјавата во интервју за весникот Етнос, цитира „Њуз 24/7“.

Интервјуто на Ципрас ќе биде објавено на 21-ви јануари. Во него тој се фокусира на спорот за името со Република Македонија, можните решенија, посочува какво име би усвоила грчката влада и ја нагласува важноста на прашањето за иредентизам,.

Порталот „Њуз 24/7“, кој објавува извадоци од интервјуто на Ципрас, е дел од медиумската група на „Етнос“. Во врска со дијаметрално спротивставените позиции на неговиот коалициски партнер, партијата „Независни Грци“ по прашањето со името, Ципрас го изјавил следново: „Панос Каменос нема да стане Андонис Самарас“, со кое нагласува дека лидерот на „Независни Грци“ нема да создаде проблем за влада.

Андонис Самарас беше министер за надворешни работи во владата на Константинос Мицотакис / 1990-1993 година / .

Токму тогаш избувна спорот за името меѓу Атина и Скопје. Самарас ја заврши конечната позиција и не се согласува со Мицотакис. Ја напушти тогашната владејачка Нова демократија и ја создаде својата десничарска „Политичка пролет“. Тоа беше една од причините за падот од власта на својот омилен премиер на Грците Мицотакис во октомври 1993 година и враќањето во власта на Анедреас Папандреу и ПАСОК. 

Потоа, Самарас се врати во редовите на Нова демократија, кој и стана премиер. Неодамна тој ја напушти лидерската позиција отстапувајќи му го на Кирјакос Мицотакис, кој е син на покојниот Константинос Мицотакис и брат на поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца