15 Мај, 2024
0.0292

Нова стратегија на Адрис групата – напад на Словенија во три правци

Објавено во: Стил 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Ровињската групација веќе има удел во Сава Ре , а од неодамна им е одобрен и рамноправен пристап на словенечкиот пазар со основање на подружници.

Адрис групата словенечката индустрија за осигурување ја напаѓа со нова стратегија со намера да го оствари својот амбициозен план од 2014 година, по преземање на мнозинскиот удел во Кроација осигурување.

Од Управата на ровињската групација која ја води Анте Влаховиќ, тогаш нагласија дека нивна цел е да станат лидери во бизнис осигурувањето, не само на локалниот пазар, туку и на подрачје на регионот.

Сега на дланка имаат опција тоа да го остварат и порано отколку што мислеле. Како што јавуваат медиумите наводно во Владата на Словенија повторно се отвара расправа за продажба на Триглав осигурување.

aac1007a88601826b0dd955fa24fe649

Словенскиот државен холдинг минатата недела му предложил на ресорното Министерство за финансии нова стратегија за управување на државните инвестиции, во кои е и продажба на удел од Триглав осигурување.

Државата преку Словенскиот државен холдинг има удел од 28,09%, а преку Заводот за мировно и инвалидско осигурување уште 34,47%.

За продажба или не продавање на државниот удел во осигурувањето се зборува години наназад, а Адрис не седи со скрстени раце и ги повикува потенцијалните купувачи.

Ровињската групација заедно со Кроација веќе држи удел во најголемото словенечко друштво за осигурување Сави Ре кое им дава 21,15% гласови во собранието на акционери.

Во мај словенечките регулатори и Агенцијата за надзор на пазарот на осигурување побарале дозвола за зголемување на уделот во Сава Ре на 33%.

Одлуката ќе стигне на крајот на август или на почеток на септември. АЗН на Кроација осигурување и дозволи пред десетина дена рамноправен пристап на словенечкиот пазар преку подружници. Од Адрис минатиот викенд за Дневник одговорија дека Адрис ќе биде лидер во регионот со преземање на успешни друштва.

Директорот на Адрис, Предраг Грубиќ вели дека со сопственичкиот пакет во Сава Ре со фондот  PBZCO и во Триглав имаат нешто повеќе од 6% акции.

Листата на акционери на Триглав покажува дека  Хипо Загреб држи  6,49%, а ХПБ 1,42%.

Грубиќ вели дека се заинтересирани за успешни фирми во осигурувањето.

Според него влезот на словенечкиот пазар беше спектакуларно најавен во медиумите, иако е на самиот почеток. Беше објавено дека Адрис веќе врбува јаки поединци од словенечкиот бизнис.

Владата во Љубљана заклучи дека ако одлучи да продава пакет акции во Триглав, ќе го задржи  контролниот пакет.

Минатата недела на берза цената на акциите на Триглав беше 24,55 евра, а целиот државен пакет вреди 349 милиони евра.

Триглав е лидер во регионот, со друштва во Хрватска, Србија, Македонија, Црна Гора и БИХ.