16 Јануари, 2022
0.0263

Новата серија гејмерски монитори HUAWEI MateView GT веќе e достапна на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2021

Од почетокот на декември, Huawei Consumer Business Group (BG) ги нуди на македонскиот пазар двата нови гејмерски монитори од HUAWEI MateView GT серијата - MateView GT 27“ и MateView 34”. Мониторите се развиени според иновативните технологии на Huawei и препознатливиот квалитет, типични за сериите на паметни телефони, таблети и компјутери на Huawei.

Серијата HUAWEI MateView GT нуди заоблен дисплеј и висока стапка на освежување од 165 Hz, што ги прави играњето игри и останатите забавни активности уште повозбудливи на поголем екран.

Заоблени и широки дисплеи, во чија слика се потопувате

HUAWEI MateView GT е првиот заоблен монитор на Huawei, а HUAWEI MateView GT 27“ и HUAWEI MateView GT 34“ имаат радиус на закривеност од 1500R. Верзијата од 34 инчи доаѓа со резолуција од 3440x1440 и сооднос 21:9, погодна како за игри, така и за графичка обработка во удобен формат на поделен екран. Другиот модел од серијата, HUAWEI MateView GT 27“ има ултрасофистициран 27-инчен дисплеј со сооднос 16:9 и резолуција од 2560x1440, погоден за најпопуларните формати на игри и филмови.

И двата модела нудат висок сооднос на контраст од 4000:1 и динамичен HDR10 опсег, со осветленост од 350 нита, што гарантира дека богатството на боите е реално и секој детаљ од сцената оживува на екранот. Секој поединечен панел доаѓа калибриран за прецизност на боја со Delta E<2.

Двата модела покриваат 90% од DCI-P3 опсегот на бои и 100% sRGB, при што HUAWEI MateView GT 27“ репродуцира 16,7 милиони бои, а HUAWEI MateView GT 34“ е способен да испорача над 1 милијарда нијанси на бои.

Висока стапка на освежување

Високата стапка на освежување на екранот е клучен елемент на секој гејмерски дисплеј, што им дава директен одговор на гејмерите на секој нивен потег. Со поддршка од 165 Hz, Huawei MateView GT ги користи можностите за графичка обработка дури и на најмоќните уреди со кои се поврзува. Оваа висока стапка на освежување, поддржана на двата модела, и од 27 и 34 инчи, не само што обезбедува јасна слика, туку и го намалува оптоварувањето на очите на корисникот. Моделот е сертифициран со TÜV Rheinland Low Blue Light и поддржува DC затемнување, што ефикасно ја намалува сината светлина и треперењето кое го оптоварува видот.

Во полза на гејмерите е и функцијата DarkFieldControl. Со прилагодување на осветленоста на екранот при ниски или многу високи сцени, оваа функција му овозможува на играчот побрзо да гледа и да реагира на противниците. Друга корисна карактеристика е Crosshairs, специјално развиена за FPS игрите. Дури и кога приказот е исклучен во самата игра, HUAWEI MateView GT го покажува и им помага на гејмерите лесно да нишанат и да пукаат.

Покрај моќните функции, под долната рамка на дисплејот се наоѓа петнасочен џојстик.  Заедно со богатото мени на екранот (OSD), ја прави интеракцијата со мониторот полесна од било кога.

Поврзување

HUAWEI MateView GT 34“ доаѓа со широк избор на портови, вклучувајќи два HDMI 2.0 приклучока, еден DisplayPort 1.4 порт и USB Type-C полнење. HUAWEI MateView GT 27“ нуди еден HDMI 2.0 порт, еден DisplayPort 1.2 и еден USB Type-C приклучок за полнење.

Цени и достапност

HUAWEIMateViewGT27“е достапен во продажната мрежа на партнерите Сетек, Нептун, Анхоч и Техномаркет, по цена од 24.999 денари, додека HUAWEIMateViewGT34”може да го најдете во продажната мрежа на Анхоч и Техномаркет, по крајна цена од 29.999 денари.

Повеќе информации за двата модела може да најдете на официјалната веб страница на Huawei.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Генерали инвестментс: Политичките игри ќе ги плаќаат европските компании и домаќинствата преку високи цени на енергијата

Генерали инвестментс: Политичките игри ќе ги плаќаат европските компании и домаќинствата преку високи цени на енергијата

Повеќе од гол – Mozzart за головите на ракометарите веќе издвои 125.000 денари во хуманитарниот фонд!

Повеќе од гол – Mozzart за головите на ракометарите веќе издвои 125.000 денари во хуманитарниот фонд!

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено и од Ookla®

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено и од Ookla®

Три МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки за старт на 2022

Три МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки за старт на 2022

Зимска распродажба во Скопје Сити Мол

Зимска распродажба во Скопје Сити Мол

Работам како личен асистент на сестрата на емирот на Катар-ги организирам нејзините патувања, забави и приеми: Павлинка Тренева Муса за животот во Доха

Работам како личен асистент на сестрата на емирот на Катар-ги организирам нејзините патувања, забави и приеми: Павлинка Тренева Муса за животот во Доха

Samsung го лансираше Home Hub: Централниот уред за паметно управување со домот

Samsung го лансираше Home Hub: Централниот уред за паметно управување со домот

Донација од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Донација од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол

Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол