НОВИ КОНФЛИКТИ: Силни експлозии го затресоа овој град
Објавено во: Свет 18 Мај, 2019
Силни експлозии oдекнаа во Дамаск.
Сириските државни медиуми објавија дека експлозивите се предизвикани од израелски проектили.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.
Нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.
Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше овие наводи. Изминативе месеци израелските сили во неколку наврати соопштија дека извршиле напади врз цели во Сирија поврзани со Иран и проиранското либанско движење Хезболах. Тие во сирискиот конфликт се сојузници на властите во Дамаск.