15 Јануари, 2021
0.0203

НОВИ МОМЕНТИ ВО ОДНОСИТЕ НА АЛБАНИЈА И КОСОВО: Рама ќе се сретне со Курти

Објавено во: Балкан 19 Октомври, 2019

Премиерот на Албанија,  Еди Рама во наредните денови ќе се сретне со Албин Курти, победникот на предвремените парламентарни избори во Косово, одржани на 6 октомври. 

Рама рече дека се согласува со ставот на Курти дека има потреба од нов поттик во односите меѓу двете држави. 

„Ќе се сретнеме во деновите што доаѓаат, на негово барање. Со нетрпение ја очекувам средбата. Со внимание ги следам неговите изјави и се согласувам дека има потреба од нов поттик во односите меѓу двете земји и постигнатите договори. Со новата косовска влада се надевам дека ќе ги пополниме празнините создадени од претходната влада“, изјави Рама. 

Тој вели дека и Косово и Албанија треба да имаат државни министерства кои ќе се занимаваат со односите меѓу двете земји. 

„Имам неколку нови предлози што ќе му ги дадам. Мислам дека треба да формираме државни министерства за соработка меѓу двете земји, кои ќе го следат спроведувањето на договорите и да оценуваат што треба понатаму да се прави, со цел да се подобрат односите и соработката. Се надевам дека Курти ќе преземе одговорност и ќе премине од опозициската поезија во проза на управување“, рече шефот на абанската Влада. 

Тој додаде дека со големо задоволство ќе дискутираат и за „новите идеи на Албин“.

Претходно Албанија и Косово ги споменуваа идеите за обединување доколку за нив нема место во ЕУ. 

Албанија не доби датум за преговори со ЕУ, исто како и Македонија. 

Кога стана јасно дека Франција ќе стави вето, Рама рече дека не бараат веднаш да се приклучат и дека ќе продолжат со реформи. 

Можеби ќе ве интересира

ТУЖБА ЗА НАТO: Адвокати од Србија и Италија ќе бараат оштета

ТУЖБА ЗА НАТO: Адвокати од Србија и Италија ќе бараат оштета

Рама: Бугарија и вети на Македонија само 100 дози, но и тие не сака да ги даде

Рама: Бугарија и вети на Македонија само 100 дози, но и тие не сака да ги даде

Земјотрес со јачина од 4.1 степен ја стресе Петриња

Земјотрес со јачина од 4.1 степен ја стресе Петриња

ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Хрватка која живее во Австралија прво си ги убила трите дечиња, а потоа си го одзела животот

ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Хрватка која живее во Австралија прво си ги убила трите дечиња, а потоа си го одзела животот

Едномесечниот Дени избегна страшна судбина: Од земјотресот во Петриња паднал таванот во неговиот дом

Едномесечниот Дени избегна страшна судбина: Од земјотресот во Петриња паднал таванот во неговиот дом

ДА НЕ СЕ ВЕРУВА НА ГУГЛ ЛЕКАРИ И ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: И кинеската вакцина е квалитетна со голема ефикасност на заштита, рече Џерлек

ДА НЕ СЕ ВЕРУВА НА ГУГЛ ЛЕКАРИ И ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: И кинеската вакцина е квалитетна со голема ефикасност на заштита, рече Џерлек

ПЦР тест за 35 евра на приштинскиот аеродром, резултатите готови за два часа

ПЦР тест за 35 евра на приштинскиот аеродром, резултатите готови за два часа

СУШАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Најголемиот европски град 45 дена ќе остане без вода

СУШАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Најголемиот европски град 45 дена ќе остане без вода

ОДЛОЖЕНИ ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: Радев повика на промена на процедурите за гласање

ОДЛОЖЕНИ ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: Радев повика на промена на процедурите за гласање