08 Мај, 2024
0.0240

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ ОД 2020: Oва се однесува и на Македонците

Објавено во: Свет 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за државјаните на трети земји ослободени од визи за влез во Шенген-зоната, меѓу кои и граѓаните на Република Македонија, од 2020 година да треба да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во Европската унија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, новиот Европски систем за патување и овластување (ЕТИАС) ќе овозможи напредни проверки на безвизните патници и оние за кои се смета дека претставуваат ризик во однос на безбедноста, неправилната миграција или високиот ризик од епидемија, при што ним ќе им биде одбиен пристапот.

Според нацрт-правилата одобрени денеска од страна на европарламентарните во рамки на Комитетот за граѓански слободи, државјаните кои не се членки на ЕУ, а кои немаат потреба од виза за влез во Шенген зоната, меѓу кои и Македонците, ќе мора да пополнат електронска форма со нивните лични податоци, вклучувајќи име, датум и место на раѓање, пол и државјанство, потоа информации за патниот документ – валидност и земја на издавање, домашна адреса и информации за контакт и европската земја на прво наменет влез.

Подносителот, исто така, ќе треба да ги информира властите за сите обвиненија за сериозни кривични дела (како што се тероризам, сексуална експлоатација на деца, трговија со луѓе или дрога, убиство и силување), за престој во одредени конфликтни зони и за сите претходни административни одлуки пред да ја напушти земјата, а во текот на последните десет години.

Притоа, иако Еврокомисијата предлагаше овие дозволи за македонските и граѓаните на други земји што уживаат безвизен режим кон Европската унија да чинат пет евра, според Комитетот на Европарламентот, таквата потврда за патување ќе чини десет евра, иако некои патници ќе бидат ослободени од плаќање на таксата, како што се лица под 18 години и постари од 60 години, членови на семејството на граѓани на ЕУ и студенти и истражувачи кои патуваат за академски цели. Оваа потврда ќе важи за период од три години или додека не истече патната исправа на подносителот.

Во однос на тоа како оваа апликација ќе функционира, таа автоматски ќе се проверува во однос на сите релевантни бази на податоци, вклучувајќи го Шенгенскиот информатички систем, Системот за влез и излез, како и базите на податоци на Европол и Интерпол, а со цел да се потврди, меѓу другото, дали патната исправа е изгубена или украдена и ако лицето што е подносител се бара за апсење.

Можеби ќе ве интересира

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?