НОВИ СЛУЧАИ: Сопружници од Дебар заразени со корона
Објавено во: Македонија 06 Март, 2020
Денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија“, објави Филипче.
Во 19:30 часот следува прес-конференција во Владата.
Досега беа тестирани повеќе луѓе, а имаше само една инфицирана жена.