28 Април, 2024
0.0263

Нови стикери за вибер

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Прилепска Витаминка создаде свои Viber стикери за брендовите Стоби Флипс и Чоко Стоби Флипс. Вкупно 29те стикери изразуваат различни забавни и емотивни ситуации кои што можат да се употребуваат во секојдневната комуникација на корисниците без разлика на возраста и стилот на комуницирање. Со ова, најпознатиот македонски бренд стана достапен и активен и во виралната сфера.

Секогаш се стремиме кон следење на трендовите и навиките на корисниците, посебно во воспоставување на интерактивен однос со сите групи потрошувачи. Затоа, насоката по која ги развиваме нашите брендови кореспондира и со потрошувачите, но и со самиот идентитет на брендот и неговите особености. Така, ова е нова и следна фаза во растење и развивање на двата бренда. Стоби Флипс и Чоко Стоби Флипс стикерите ги создадовме со една вообичаена и често користена комуникација, прилагодена на наш јазик, форми на поздравување и општење што се вклопува во секојдневието, но истовремено дава една забавна и интересна нота“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Со создавањето на свои Viber стикери, Витаминка стана една од неколкуте македонски компании што имаат јазично - локални релевантни стикери. Како интересен, динамичен и над сè креативен начин за комуницирање,Viber стикерите сè повеќе се користат и надвор од границите на пријателската комуникација.

Viber опцијата е една од најпопуларните мрежи за комуницирање во Македонија и има голем број локални корисници коишто секојдневно испраќаат текстуални пораки и телефонски разговараат со пријателите. На глобално ниво, минатата година биле споделени 26 милијарди стикери помеѓу корисниците на Viber во целиот свет. Тие се доста видливи, интерактивни и популарни, особено помеѓу помладата публика која што често ги користи како замена за популарни фрази но и забавна комуникација.

29те Viber Стоби Флипс и Чоко Стоби Флипс стикери достапни се за спуштање на следниот линк: http://stickers.viber.com/pages/stobiflips_mk

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг