20 Декември, 2025
0.0481

Нови телевизии никнуваат како печурки, ќе се подобри ли квалитетот на програмата?

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2016 08:29

Добивај вести на Viber

Почна да зрачи ТВ Нова, трета по ред телевизија на македонското медиумско небо што се отвора во период од неколку месеци. Но не е последна. Според досегашните информации во медиумите, наскоро ќе се отвора уште една телевизија. Пред ТВ Нова, пак се отворија „Шења“ и „21“. Инаку, Билјана Василова Трендафиловска застанува на чело на новиот  проект “Телевизија Нова“. Со неа во тимот се и Љубиша Николовски, Гоце Михајловски, Анита Петровска. Се работи за нов телевизиски проект зад кој стои бизнисменот и сопственик на компанијата “Трансмет“, Сеад Кочан. Најавуваат ли промените во медиумскиот бизнис прегрупирања и на политичката сцена? Во два од трите весници кои се дел од компанијата МПМ пред неколку недели имаше разрешувања и именувања во врвот на уредништвото. Смени на уредниците се случија во ВЕСТ и УТРИНСКИ. Промени ќе има и во врвот на јавниот сервис МРТ. Си заминаа одговорниот уредник Петрески и уредничката Трендафиловска. Дали овие поместувања во МРТ најавуваат создавање на терен за спроведување на политичкиот договор од Пржино поврзан со реформите во медиумите. На истекот од ланската година во медиумскиот бизнис  започнаа трансфери на новинари од една во друга телевизија. Иако се најавуваа продажби или трансфери и во дел од останатите национални телевизии, тоа засега не се случи. Неодамнешното истражување на МИМ покажа исклучителна недоверба на гледачите во вестите на телевизиските медиуми, што доаѓа како резултат на неквалитетните и пристрасни вести, како да се работи за партиски телевизии, а не за национални медиуми. Дали отворањето на нови телевизии може да ја промени сликата, останува да се види, особено што и програмски, телевизиите останаат заробени во турски серии, евтини сапуници и риалити шоуа и програма без никаква вредност.

Можеби ќе ве интересира

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?