Новинарка на Фокс Њуз со пиштол во хеланки на ден пред протестите против употребата на огнено оружје
Објавено во: Свет 30 Март, 2018
Лавина од коментари со потсмев за Томи Ларен.
Новинарката на Фокс Њуз стана предмет на исмевање откако на Инстаграм профилот објавила фотографија на која промовира спортска облека, а во хеланките вметнала пиштол.
"Дами, напаѓачот ќе биде поголем, посилен и побрз и поради тоа Ви се потребни овие хеланки за Вашиот пиштол, солзавец и телфон", напишала Томи Ларен под фотографијата која предизвика бомба од коментари.
Новинарката ја поврзуваат со големи контроверзии. Инаку оваа слика ја објави на ден пред протсетот за поседување на оружје во Америка и насилството кое се случува таму.