27 Април, 2024
0.0341

(ГАЛЕРИЈА) Новиот Porsche 911 спектакуларно претставен на Алпите

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Porsche го претстави новиот 911 во снежна околина. По светската премиера на саемот за автомобили во Лос Анџелес на крајот од ноември 2018 година, осмата генерација на иконата за спортски автомобил беше презентирана на високото подрачје Арејт-Алм во Австрија. Тоа беше првото појавување на возилото по саемот. За оваа цел, прикачен на хеликоптер, новиот 911 полета кон Алм, кој се наоѓа на надморска височина од 1.408 метри. Презентацијата беше водена од д-р Волфганг Порше, претседател на Надзорниот одбор на Porsche AG, Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор одговорен за продукција и логистика, амбасадорите на брендот Валтер Рерл и Марк Вебер, како и возачите Тимо Бернард и Ричард Лиец.


Помоќен, побрз, дигитален: новиот 911

Новиот 911, исто така, ги постави стандардите на иднината, во поглед на ексклузивните спортски карактеристики и непогрешливо имплементирање на дизајнот и добро познатата ДНК на Porsche. Интелигентните системи за контрола на стабилноста и шасијата, како и иновативни системи за помош, ги комбинираат бескомпромисните динамики на класичниот спортски автомобил со мотор во задниот дел со барањата на дигиталниот свет. Сегашните модели Carrera S се опремени со понатамошно развиени турбо мотори со извонредни 331 kW (450 КС). Моќта е испорачана од ново развиен менувач на пренос со двојна спојка и осум брзини. И двата модели S за четири секунди забрзуваат од нула до 100 км/ч. Опремени со опционалниот Sport Chrono пакет, Carrera S со погон на задните тркала забрзува до 100 км/ч за само 3,5 секунди, додека 911 Carrera 4S со погон на сите тркала го комплетира спринтот за 3,4 секунди. Максималните брзини изнесуваат 308 км/ч (911 Carrera S) и 306 км/чза  верзијата со погон на сите тркала.


Мотоспорт спектакл на снег и мраз

Презентацијата се одржа пред GP тркатата на мраз на „ Zell am See“. Ова е ново издание на „ледената“ легендарна трка која се одржуваше од 1937 до 1974 година. Настанот, кој се одржа оваа сабота и недела на спортскиот аеродром Зел, понуди на гледачите многу спортски активности со класични, актуелни и рели возила - вклучувајќи бројни Porsche модели. Околу 130 учесници беа дел од околу 600 метри долгата патека на мраз, помеѓу кои беа победникот на Ле Ман - Ханс-Јоахим Штук, како и бренд амбасадорите на Porsche - Марк Вебер и Валтер Рерл.



Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“