09 Мај, 2024
0.0422

Порше Македoнија ги претстави двата нови модели од линијата на Volkswagen

Новите Arteon и Polo промовирани и пред македонската публика

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во присуство на голем број пријатели и гости, Порше Македонија синоќа во ресторанот „Four“дел од комплексот Парк Хотел и Спа одржа промоција на најновите модели на Volkswagen Arteon и Polo.

Присутните не останаа рамнодушни кон овие два модели кои од сега се достапни и на нашиот пазар. Тие имаа можност одблизу да се запознаат со ентериерот и екстериерот на овие два нови автомобили и да ги откријат нивните моќни перформанси.

“Работејќи во време на постојан технолошки напредок, со задоволство го прифаќаме предизвикот на новите генерации, на нивните потреби и барања, одговараме испорачувајќи нови модели и поставувајќи нови стандарди во автомобилската индустрија.

Двата автомобили се различни и неспоредливи, но сепак исти во својот врвен квалитет, современ дизајн и софистицирана технологија. Едниот ќе ги помести границите во автомобилскиот свет, а другиот ќе им посака добредојде на една нова генерација млади, динамични луѓе“ – изјави Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

Привлечноста на Arteon не остана незабележана бидејќи таа освојува уште при првата средба. Ова е автомобил кој има аеродинамични контури, прозорци без рамка, впечатлив заден дизајн, а нивото на опременост на R-Line содржи дополнителни детали на екстериерот кои што ги нагласуваат овие динамички елементи.

Издолжените контури на Arteon и долгото меѓуоскино растојание му даваат многу карактеристичен профил и чувство на изобилство на простор каде и да седите. Обвивачката хауба и страничните прозорци без рамка се особено привлечни и зрачат со квалитет и елеганција во стилот на класична спортска лимузина.

Написот на Arteon на задната страна го одржува ветувањето. Гарантирано ќе привлекува погледи и ќе остава траен впечаток. Името е земено од латинскиот збор за уметност и алудира на кохерентните, естетски линии на дизајнот.

Покрај овој автомобил кој плени со неговата елеганција Volkswagen гордо го презентираше и својот миленик Polo. Семеен автомобил кој постојано изненадува и ги поместува границите на удобност, економичност и функционалност. Со новото Polo, Volkswagen го поставува најнапредниот мал автомобил на патиштата. 

Технологијата значително се истакнува кај овој модел, или поточно, системите за асистирање на возачот. Благодарение на MQB платформата, Polo содржи мноштво на системи за асистирање кои досега можеа да се најдат само кај автомобилите од високите класи. Помеѓу останатите системи, новото Polo е опремено и со ограничувач на максималната брзина на движење во град, со што би се одбегнало пребрзо возење. 

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“