Ново задолжување на повидок
Објавено во: Економија 14 Мај, 2017
За во вторник е најавено ново задолжување кај домашните кредитори.
Надлежните ќе бараат заем од 10,4 милиони евра а истата сума веќе в среда државата треба да ја врати кај кредиторите.
Станува збор за еден едногодишен запис со девизна клаузула и една двегодишна.
Минатонеделното задолжување на власта која бараше заем од 10,16 милиони евра заврши со едвај 1,87 милиони евра.