09 Мај, 2024
0.0273

НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА - Владата зема заем од ЕИБ за водна инфраструктура, врвот на Банката го одобрил барањето дури после три години

Објавено во: Економија 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Нашата Влада уште пред три години барала кредит кај Европската инвестициона банка од 50 милиони евра за подобрување на состојбите со водната инфраструктура во општините, но врвот на ЕИБ го одобрил дури пред неколку месеци. Законот за задолжување по основ на тој заем се носи сега во Собранието по скратена постапка. Во образложението Владата не наведува дали дел од овие 50 милиони евра ќе се префрлат на големиот државен загубар „Водостопанство“, кој е во многу тешка финансиска состојба.

Инаку, овој проект, како што навеле од Владата која е предлагач на законот, е за инвестиции во комуналната инфраструктура, со цел да се стимулира развојот на општините во земјата.

Владата, како што стои во образложението на законот за задолжување, уште од далечната од 2018 година донела одлука Министерствата за финансии и за транспорт до Европската инвестициона банка да достават барање за интерес за финансирање на овој проект со заем во износ од 50 милиони евра, по што овие ресори го доставиле тоа барање. На крајорт на гопдината ЕИБ позитивно одговориле, а потоа пак банката била информирана дека наместо ресорот за транспорт, овој проект го презема Министерството за животна средина.

Она што е интересено е дека Одборот на ЕИБ цели три години го немал одобрено ова барање, и тоа го сторил дури во мај оваа година. Сега, пак, банката обезбедила и дополнителни 1,2 милиони евра грант за техничка помош за имплементација на проектот.

Од Владата велат дека заемот во износ од 50 милиони евра ќе биде наменет за финансирање на следните работи: рехабилитација, модернизација, проширување и изградба на инфраструктурата за водоснабдување, како што се довод за вода, станици за третман на вода, главни преносни мрежи на сурова или прочистена вода, мрежи за водоснабдување, вклучувајќи пумпни станици и приклучоци на куќи, мерење на големо и на потрошувачи, мерки за енергетска ефикасност, потоа рехабилитација, модернизација, проширување и изградба на инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, како што се канализациони мрежи вклучувајќи приклучоци за куќи и пумпни станици и пречистителни станици, потоа рехабилитација, модернизација ипроширување и изградба на системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, како и набавка на специјализирана опрема за одржување.

Во образложението на овој предлог закон никаде не стои дали од овие пари Владата дел ќе префрли и за „Водостопанство“. Состојбата во компанијата долг период наназад е очајна. Всушност Водостопанство е државниот монопол што располага и управува со најголемиот државен имот - големи хидроакумулации. Нејзината основна дејност е да ги менаџира каналите за наводнување на илјадници хектари обработливи површини во големите македонски котлини.Оваа најголема државна компанија е во многу тешка финасиска и кадровска состојба. Должи над пет милиони евра од кои 1,63 милиони евра се само за струја од почетокот на годинава па до крај на јули. 

Инаку, Финансискиот договор ќе се склучи меѓу земјава претставувана од Министерството за финансии и ЕИБ. Предуслов за склучување на тој договор е усвојување на законот за задолжување од страна на Собранието и негово објавување во Службен весник. Затоа и Владата го изготвила овој закон и сака тој да се донесе по скратена постапка.

Заемот во износ од 50 милиони евра ќе се отплаќа со средства од Буџетот. Проектот ќе го имплементира Министерството за екологија, додека општините и оние во Градот Скопје ќе бидат крајни корисници, кои со овој ресор ќе склучуваат договори за донација.

Инаку, условите што ги предвидува овој заем се дека парите ќе се повлекуваат во најмногу 20 транши. Минималниот износ на една транша изнесува два милиони евра. Она што е интересно е дека каматната стапка ќе се одредува за секоја транша од заемот одделно, на денот на доставувањето на барањето за повлекување на средствата, во зависност од тоа која каматна стапка е поповолна за земјава, односно дали фиксна или варијабилна. Рокот за отплата на секоја транша од заемот може да изнесува од најмалку четири до најмногу 25 години, со вклучен грејс период кој може да биде меѓу 30 дена и пет години од датумот на повлекување. Рокот за отплата на заемот ќе се одредуваза секоја транша, одделно, на денот на доставувањето на барањето за повлекување на средствата. Траншата може да се отплати и еднократно, на ден кој е меѓу три и 15 години од денот на повлекувањето на траншата. Со договорот се предвидува и дека државава ќе и плати на ЕИБ еднократна провизија во висина од 30.000 евра.

По усвојување на Законот за задолжување од страна на Собранието и неговото објавување во „Службен весник“, предвидено е склучување на Финансискиот договор.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните