Ќе оди ли курбан? Која државна фирма должи 1,6 милиони евра за неплатена струја за 7 месеци?
Објавено во: Економија 09 Септември, 2022 07:41
Ќе најде ли Владата, како газда, спас за најголемиот монопол кој управува со системите за наводнување на сите хидро-мелиоративни системи во Македонија? Состојбата во компанијата веќе е очајна, немаат плата трет месец по ред, а дел од вработените бараат друга работа...Освен за струја компанијата за плати должи над 2 милиони евра
АД „Водостопанство“ е државниот монопол што располага и управува со најголемиот државен имот - големи хидроакумулации. Нејзината основна дејност е да ги менаџира каналите за наводнување на илјадници хектари обработливи површини во големите македонски котлини од Полог и Пелагонија на запад преку Тиквешијата до Овчеполието и котлините во штипско, кочанско и струмичко поле.
Оваа најголема државна компанија е во многу тешка финасиска и кадровска состојба. Должи над пет милиони евра од кои 1,63 милиони евра се само за струја од почетокот на годинава па до крај на јули.
Ова е одговорот од раководството на АД „Водостопанство“:
-Вкупни долгови во висина од 323 милиони денари, од кои 118 милиони денари произлегуваат од трошоци за електрична енергија при што само фактурите за 2022 година заклучно со месец јули изнесуваат околу 100 милиона денари. Вкупните побарувања изнесуваат 363 милиони денари, соопштија од оваа државна компанија.
Компанијата која низ својата историја доживеа неколку спојувања и раздвојувања, а менуваше и формати од јавно претпријатие во здруженија на водостпоански заедници па да заврши како акционерско друштво сега се соочува со, веројатно најтешките моменти, во својата понова историја.
Неодамна бевме сведови на мирен штрајк на вработените во најголемата подружница „Брегалница“ од Кочани која оперира со најдолгата мрежа на канали за наводнување и ги снабдува со вода сите земјоделски површини од најголемата брана „Калиманци“ преку кочанско и штипско поле до Овчеполе.
Затоа што друштвото на вработените три месеци не им исплаќа плата дел од нив веќе даваат откази и бараат работа во други компании или организации или пак заминуваат во странство.
Работењето на АД „Водостопанство“ е проблематично извесно време наназад и причините се бројни, а проблемите се кумулараат, а не се решаваат системски.
Дури и ако се пребара во базата на Македонската берза за хартии од вредност ќе се види дека компанијата не е доследна во објавувањето или пак нема ревизорски извештај за минатата година. Најнови достапни податоци се објавени во извештајот на независната ревизија за 2020 година, објавени во јули лани достапни на овој линк https://mse.mk/mk/announcement/13/7/2021/AD-Vodostopanstvo-na-RM/Audited-financial-statements
Деталите од извештајот не кореспондираат во потребна мерка со реалната состојба во која се наоѓа компанијата, а се достапни на погоре наведениот линк.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




