13 Ноември, 2025
0.0301

НОВОМАТИКМАКЕДОНИЈА ОДЛИЧЕН ПРИМЕР ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2025 11:10

Добивај вести на Viber

Јавноста беше позитивно изненадена со веста дека Новоматик Македонија станува спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија. Станува збор за првично договорено партнерство за наредните две години во вкупна вредност од 1 милион евра.

Пред само 8 месеци навивачката група на ФК Вардар, „Комити“ објави дека глобалниот лидер во индустријата игри на среќа Новоматик Македонија, во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, со годишна финансиска инјекција од 1 милион евра ги поддржа амбициите на македонската фудбалска гордост за враќање на старите славни патеки.

Поддршката за професионалниот спорт значи и сериозен придонес во правилниот развој и воспитување на младите. Младите генерации гледаат свои идоли во професионалните спортисти и вообичаено се идентификуваат со индивидуалните и колективни спортски успеси. Затоа, нема никакво сомнение дека Новоматик Македонија со одлуката да стане спонзор и на ФФМ одржува вистинска лекција за тоа како се слушаат потребите на заедницата.

На настанот по повод промоцијата на новото партнерство, Марија Митреска во името на новиот спонзор на ФФМ истакна:

Новоматик Македонија е силно фокусирана на поддршка на визијата за промовирање на вистински вредности кои ќе создаваат силни и здрави нови генерации кои ќе го носат товарот за градење сигурна иднина. Ова спонзорство не е само општествено одговорна активност, туку демонстрација на заеднички принципи за успех во спортот. Силно веруваме дека поддршката на Новоматик Македонија ќе значи и сериозен чекор напред кон реализација на амбициозните планови на новото раководство на ФФМ за успеси на младинските и сениорските државни репрезентации, но и подигнување на квалитетот на домашните фудбалски првенства“, порача Митреска на последниот настан.

ФФМ го поздрави партнерството со Новоматик Македонија како значајна поддршка за македонскиот фудбал.

„Горди сме што добиваме партнер кој отсекогаш ги поддржува спортските проекти и компанија со општествена одговорност кон фудбалот пред сѐ, но позната и по својата поддршка на заедницата. Оваа соработка не е само спонзорство. Тоа е спој на заеднички амбиции и взаемна желба да се постигне нов резултат за македонски спортски успеси. Ова партнерство е доказ за нашата посветеност, нови можности за нашиот тим и нашите навивачи“, истакна претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ при настанот по повод спонзорство од Новоматик Македонија за Федерацијата.

Настрана од средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игри на среќа за финансиските програми на Агенцијата за млади и спорт, и со оваа многу важна одлука Новоматик Македонија продолжува да го подржува развојот на македонскиот спорт. Оваа групација веќе е спонзор и на ракометниот клуб Вардар, кошаркарскиот клуб МЗТ и фудбалскиот клуб Кожуф. Новоматик Македонија со преку 2 илјади вработени веќе 18 години е присутен во домашниот економски сектро, со години наназад е сигурен партнер на заедницата и во континуитет подржува различни граѓански иницијативи, проекти и реализира бројни хуманитарни и донаторски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.  

Врз основа на одредени проценки, досега Новоматик Македонија во активности од јавен интерес има донирано повеќе од 300 милиони денари.


Можеби ќе ве интересира

ESG како предуслов за конкурентност: потребна е едукација и јасна рамка за интеграција на МСП во глобалните пазари

ESG како предуслов за конкурентност: потребна е едукација и јасна рамка за интеграција на МСП во глобалните пазари

Инвестирајте како гејмер: 5 P2P стратегии позајмени од светот на стратегиските игри

Инвестирајте како гејмер: 5 P2P стратегии позајмени од светот на стратегиските игри

До домот кој го посакуваш со само 10% учество - Нов поволен станбен кредит од УНИБанка

До домот кој го посакуваш со само 10% учество - Нов поволен станбен кредит од УНИБанка

Онлајн купувачите веќе се тука. Дали вас ве има?

Онлајн купувачите веќе се тука. Дали вас ве има?

СЕПТАНАЗАЛ – БРЗО ГО ОДЗАТНУВА НОСОТ И ЈА ШТИТИ НОСНАТА СЛУЗНИЦА

СЕПТАНАЗАЛ – БРЗО ГО ОДЗАТНУВА НОСОТ И ЈА ШТИТИ НОСНАТА СЛУЗНИЦА

Силк Роуд Банка ја зајакнува дигиталната понуда со Visa Direct

Силк Роуд Банка ја зајакнува дигиталната понуда со Visa Direct

La Scolca на кралската трпеза во резиденцијата на Кралот Чарлс III

La Scolca на кралската трпеза во резиденцијата на Кралот Чарлс III

Меѓународни истражувања покажуваат: Никотинските ќесички*** – помалку штетна* алтернатива за пушачите

Меѓународни истражувања покажуваат: Никотинските ќесички*** – помалку штетна* алтернатива за пушачите

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари