11 Декември, 2025
0.0768

Аnanаs повторно доминира – 7 награди на E- commerce Awards 2024!

Објавено во: Мои пари 14 Март, 2025 11:25

Добивај вести на Viber

На 12.03.2025, во хотелот Marriott во Скопје, се одржа престижната гала вечер посветена на најдобрите во македонската е-трговија – E-commerce Awards 2024. Ananas.mk повторно се издвои како апсолутен лидер, освојувајќи вкупно седум награди, со што уште еднаш ја потврди својата доминација на македонскиот онлајн пазар. 

Најмногу освоени награди – докажан квалитет и доверба 

Ananas.mk беше номиниран во осум категории, а успеа да триумфира со први места во шест клучни категории

Е-трговец на годината 

Најпопуларна е-продавница

Најдобар маркетплејс и мулти е-продавница 

Е-трговец со најдобра достава 

Најдобро присуство на социјални медиуми 

Најдобра е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали 
 
А во една категорија го освои второто место: 

Второ место за најдобра грижа за корисници 

Неверојатен одзив од македонските потрошувачи – речиси 85.000 гласови! 

Процесот на номинации и гласање беше отворен за јавноста пред официјалниот настан, при што повеќе од 5.000 учесници активно гласаа за своите омилени брендови. Вкупниот број на гласови достигна 84.734, што ја потврдува големата ангажираност на потрошувачите и нивната доверба во квалитетот и услугата што ја нуди Ananas.mk. 

Овој успех не е само награда – туку и обврска! 

Освојувањето на овие престижни признанија е резултат на посветената работа на целиот тим на Ananas.mk, кој континуирано вложува во подобрување на корисничкото искуство, иновативни услуги и беспрекорна логистика. Овој успех не е само потврда за досегашната работа, туку и мотивација за уште поголеми успеси во 2025 година! 

„Овие награди се признание за довербата што ни ја укажуваат нашите потрошувачи секој ден, и за тоа сум неизмерно благодарен. Ananas.mk не е само платформа – тоа е заедница што расте, се развива и поставува нови стандарди во е-трговијата. Голема благодарност до сите што гласаа за нас и ни дадоа поддршка, но најголемата заслуга ја има тимот на Ananas – луѓето кои со својата посветеност, енергија и иновации го движат овој проект напред. Ова е заеднички успех и само почеток на уште поголеми достигнувања!“ – изјави Денис Ампов, Country Manager на Ananas.mk

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна