18 Март, 2025
0.0455

„СИТЕ НАДЛЕЖНИ ГИ БОЛЕЛО УВО, И СЕГА БЕНДОТ Е КРИВ, а вие во ШвеТЦка сте живееле“ - Жанета Трајковска до министерот: „Аман без пајакот“

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 14:41

Добивај вести на Viber

По пресконференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Точковски, јавноста излезе со реакции за тоа каде се бараат виновниците, а зошто сегашните власти како да се обидуваат да се амнестираат од одговорност. 

Со свој коментар на социјалната мрежа излезе и Жанета Трајковска, активистка за човекови права и остар критичар на негативните општествени појави. 

„Министре Тошковсни, пајакот, кабелот, воланот...се сме виделе и чуле.

Ај вака: јас сакам да станам кралица на Македонија и да воведам монархија и ако почнам да го рушам уставниот поредок што ќе ми се случи?! Ќе реагира некој нели?! Ако сакам да изградам зграда на диво, ќе ме апсите нели? Ако сакам да изградам црква нелегално или џамија без дозволи сред парк, ќе ме рушите нели?! Ако сакам на плоштад да си направам пазар- ќе ме соберете нели?! За по душа освен монархијата се друго ни се случило и ене си егзистираат и постојат и никому не му чуе, а ни му фали влакно од косата.

Бендот можел да сака што било, ако имало правила, админстрација, инспекции и контрола џабе им се желбите.

Не вртете ја водата натака. Сте имале клуб што со децении работел на диво, на ФБ сите јавно си се најавувале, се извртиле сите пејачи и групи од МК и регионов и цел систем, сите надлежни ги болело уво и сега бендот е крив?! Тие што ги нема веќе. Вие сите во ШвеТЦка сте живееле таму и не знаете како е по мали градови, како се живее и живурка и како се води бизнис ако не си врзан со партија?!

Аман, без пајакот ве молам“, пишува Трајковска на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

„НЕМОЈТЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НАД ПАЦИЕНТИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ“: Д-р Лазаров за Вучиќ вели дека е благодарен, но апелираше да нема гужви каде што се сместени

„НЕМОЈТЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НАД ПАЦИЕНТИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ“: Д-р Лазаров за Вучиќ вели дека е благодарен, но апелираше да нема гужви каде што се сместени

СПЕЦИЈАЛНИТЕ КРЕВЕТИ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ ЧИНАТ МЕЃУ 50.000 И 150.000 ЕВРА ПО ЕДИНИЦА: Колкава инвестиција е Центар за изгореници?

СПЕЦИЈАЛНИТЕ КРЕВЕТИ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ ЧИНАТ МЕЃУ 50.000 И 150.000 ЕВРА ПО ЕДИНИЦА: Колкава инвестиција е Центар за изгореници?

„КАКО СО ЕДЕН ФАЛСИФИКАТ СЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, А СО ДРУГ НА ФУНКЦИЈА?“ Професорот Калајџиев прашува

„КАКО СО ЕДЕН ФАЛСИФИКАТ СЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, А СО ДРУГ НА ФУНКЦИЈА?“ Професорот Калајџиев прашува

„СКАПАНИОТ СИСТЕМ НЕМА ДА ИСПОРАЧА БЕЗ ГРАЃАНСКИ ПРИТИСОК“: Се огласи и екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров

„СКАПАНИОТ СИСТЕМ НЕМА ДА ИСПОРАЧА БЕЗ ГРАЃАНСКИ ПРИТИСОК“: Се огласи и екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров

„ИМАВ ТОЛКУ МНОГУ ПРИЈАТЕЛИ ТУКА!“: Десет годишно момче низ солзи пред новинарите, видно револтирано и разочарано одржа лекција за дното кое нашето општество го допре

„ИМАВ ТОЛКУ МНОГУ ПРИЈАТЕЛИ ТУКА!“: Десет годишно момче низ солзи пред новинарите, видно револтирано и разочарано одржа лекција за дното кое нашето општество го допре

ПО ПОЖАРОТ: Еве како изгледа објектот каде што била забавата

ПО ПОЖАРОТ: Еве како изгледа објектот каде што била забавата

„ВО ИМЕ НА БОГА ВЕ МОЛАМ, ОСТАВЕТЕ ДА ГИ ЗАКОПАМЕ ТИЕ ДЕЧИЊА“: Еве како свештеник ги смири луѓето што протестираа во Кочани

„ВО ИМЕ НА БОГА ВЕ МОЛАМ, ОСТАВЕТЕ ДА ГИ ЗАКОПАМЕ ТИЕ ДЕЧИЊА“: Еве како свештеник ги смири луѓето што протестираа во Кочани

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски објасни какви се последиците откако се обзнани дека во дискотеката имало азбестен кров, а постои опасност голем број од повредените да го вдишале

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски објасни какви се последиците откако се обзнани дека во дискотеката имало азбестен кров, а постои опасност голем број од повредените да го вдишале

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали