04 Мај, 2024
0.0276

Нуклеарното оружје на САД во „Инџирлик“ може да падне во рацете на терористите

Објавено во: Свет 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Американско нуклеарно оружје, кое се чува во турската воздухопловна база во  „Инџирлик“ , на 110 километри од границата со Сирија, може да падне во рацете на терористите и „други непријателски сили“, се вели во извештај на невладиниот центар Смитсонијан.

„Постојаното присуство на десетици единици нуклеарно оружје на САД во авиобазата  „Инџирлик“ во Турција претставуваат сериозен ризик“, се истакнува во извештајот „B61 Life Extension Program: Costs and Policy Considerations“.

Во документот се констатира следново: „Можат ли САД да ја задржат контролата врз околу 50 единици нуклеарно оружје (водородни бомби В61), стационирани во базата „Инџирлик“, во услови на подолг граѓански конфликт во Турција, е прашање на кое не може да се одговори“.

Во чистка по обидот за државен удар во Турција во средината на јули беше уапсен и турскиот командант на базата во „Инџирлик“. Базата овозможува брз пристап на дронови и воени авиони до цели поврзани со терористичката организација „Исламска држава“. Во март, сепак, од безбедносни причини, Пентагон им нареди на семејствата на американските војници и на цивилниот персонал, кој се наоѓа во јужна Турција, да ја напуштат.

Според еден од авторите на извештајот Леиси Хили, од гледна точка на безбедноста, да продолжува складирањето на околу 50 единици американско нуклеарно оружје во авиобазата „Инџирлик“ во Турција е еднакво на „игра на коцкање“. „Ова оружје не поседува практична вредност на европското бојно поле и денес е поврзано повеќе со обврските, а не со средствата на нашите сојузници во НАТО“, смета Хили.

Во извештајот се истакнува дека е соодветно повлекувањето на сите водородни бомби В61 од Европа и укинувањето на идно купување и чување на европска територија. 180 единици такво оружје се чуваат во Белгија, Италија, Германија, Холандија и Турција. Овој чекор, смета авторот на извештајот, ќе однесат  6 милијарди долари.

Претходно во списанието „New Yorker“ излезе статија во која се тврдеше дека обидот за државен удар во Турција ја става под сомнение безбедноста на една четвртина од целото нуклеарно оружје на НАТО, складирано во турската база  „Инџирлик“.

Според информација на списанието, во средината на 60-тите години на минатиот век над 7 000 единици нуклеарно оружје на САД биле распоредени во Западна Европа, Грција и Турција. Но за услугата, транспортот и складирањето на оружјето се грижел персонал од други земји, поради стравување дека тоа може да биде украдено или користено од сојузниците на НАТО.

Подоцна била донесена одлука во внатрешноста на бомбата да има шифра - прекинувачи кои требало да блокираат активирање, ако се воведе погрешен код.

Заобиколувањето на заштитниот механизам е можно при технички вештини, пишува New Yorker. Ако имате неколку часа, инструменти и подготовка, може да го отворите складиштето, да стигнете до нуклеарното оружје и да се справите со заштитниот механизам. Останатото може да е прашање на секунди.

„Иако досега да избегнеме катастрофа, располагаме со доволно докази дека безбедноста на американските нуклеарни оружја, складирани во Турција, може да се променат за неколку часа“, предупредува екс директорот за одбранбената политика и контрола за оружје  во Советот за национална безбедност на Белата куќа Стив Андрисон во авторски текст во весникот „Los Angelis Times“ минатата недела.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“