29 Април, 2024
0.0347

Нуредини: Има план за загадениот воздух - граѓанските организации велат не се спроведува

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, за критиките на граѓанските активисти дека Планот за чист воздух не е реализиран, вели дека овој проблем не може да се реши краткорочно, без оглед што планот постои.

„Постои план, за тоа нема сомнеж, треба сите да бидеме свесни за фактот дека овој проблем не може да се реши со краткорочно, туку со долгорочна стратегија. Сите заедно мора да работиме многу напорно за да го намалиме загадувањето на воздухот, знаеме дека ќе ни биде потребно време, бидејќи повеќе фактори придонесуваат за тоа, греењето на домовите, енергетската ефикасност, какви автомобили користиме за транспорт, како индустријата допринесува и какви мерки и регулативи треба да преземеме. Ќе продолжиме да работиме напорно за да постигнеме резултати“, одговори министерот Нуредини на прашањето на Фактор.

Според граѓанската иницијатива ниту една мерка од Програмата за справување со аерозагадувањето не е спроведена.

„Ништо до сега не се реализира од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019/Планот за чист воздух. Сега требаше да сведочиме на, заменет начин на греење во домаќинствата, градинките, училиштата, здравствените и административните објекти, спроведена енергетска ефикасност и кај домаќинства и кај јавни објекти, зелени ѕидови во градинките и училиштата како заштитна бариера, инсталирани филтри во малите и средни фирми од дрвната индустрија, гасифицирани болници, автобуси без или со ниски емисии во јавниот превоз во Скопје, но и во Битола, Тетово, Куманово, воспоставен зимски режим на сообраќај кој ќе стапеше на сила со започнување на грејната сезона“, се дел од мерките за кои од О2 Иницијатива велат дека не спроведени.

Во Скопје се одржа Конференцијата за „Зазеленување на однесувањето кон животната средина во Западен Балкан” што се одржа во организација на Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија (МЦАА). Говорниците од земјата и 

странство говореа за улогата на невладините организации, граѓанскиот сектор, бизнисот и државата во креирање на одржливи политики за справување со последиците врз животната средина. Решенијата не може да бидат индивидуални, туку мора да се работи заеднички, да се постигне општествен консензус за политиките кои треба да се спроведат и донесената регулатива да се применува во пракса со соодветни санкции за загадувачите.

Во меѓувреме веќе мерните станици покажуваат енормно загадување на воздухот во Куманово и Скопје со штетни честички. Во Куманово во периодот по 18:00 часот беа измерени и над 1.000 ПМ честички. Скопје исто така се гушеше во загаден воздух. Мерните станици кои го мерат загадувањето на воздухот покажуваа загадување 4 пати над дозволеното.

(Х.С.)

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево