04 Мај, 2024
0.5280

OAE цели кон третото место меѓу најбогатите земји

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Премиерот на Обединетите Арапски Емирати ( ОАЕ) објавил план за национален развој , според кој земјата може да стане една од најбогатите во светот. Како дел од презентираната програма, премиерот и потпретседател на ОАЕ , шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум најави дека Владата има за цел да го зголеми БДП-то по глава на жител со 65% во наредните седум години. Според податоците на Светската банка, БДП по глава на жител на ОАЕ бил 42 080 долари во 2012 година. Ако новиот план на земјата се покаже успешен , сумата ќе се зголеми до малку под 70 000 %, што би ја направило земјата третата најбогата во светот на овој индикатор - по Луксембург и Катар . Во моментов, Луксембург може да се пофали со најголем БДП по глава на жител во износ од 91 388 долари , покажуваат податоците на Светската банка . Шеик Мохамед не конкретизира како ќе биде постигната оваа цел , но изјавата дојде како дел од поширока програма за реформи со цел подобрување на образованието, здравството , имотниот сектор и вработување за граѓаните на ОАЕ . Премиерот, исто така, најави дека ќе го зголеми бројот на граѓаните , вработени во приватниот сектор , за десетпати до 2021 година и е подготвен да интервенира на пазарот на трудот , ако е потребно. Во моментов, повеќе од две третини од жителите работат во јавниот сектор. ОАЕ , која падна во должничка криза во 2009 година по падот на имотниот пазар , регистрира значително обновување на пазарот на акции и на имотниот пазар во изминатата година. Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, економијата на ОАЕ ќе порасне за 3.9 % оваа година .   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“