04 Мај, 2024
0.0382

„Обичните“ обвинители не знаеле за екстра бонусите на „специјалните“ - ќе постапуваат согласно законите

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Јавниот обвинител Јовески ќе ја проверува законитоста на екстра парите што ги добивале во СЈО. 

Јавното обвинителство најави дека ќе ја испитива законитоста на дополнителните додатоци од илјадници евра за специјалната обвинителка Катица Јанева и за обвинителите од СЈО. 

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, за медиумите изјавил дека тие немале увид во висината на доделните бонуси.

„Исплатата на плати и надоместоци е утврдена во Законот за плати на јавните обвинители. До поставување на алатката ‚Отворени финасии' висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоци за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители, за кои на сајтот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати“, појаснува Јовески и најавува детално испитување на сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците. 

„Доколку се утврди дека има основано сомневање за извршено кривично дело, ќе се постапи согласно законот“, велат од ЈОРСМ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека веќе имале иницијатива за формирање на Анкетна комисија која ќе го испитува работењето на СЈО за да се дознае како и за кои потреби биле трошени народните пари, колкава штета е направена на буџетот, кој сѐ имал незаконски приходи и зошто Владата префрлила 36 000 денари на сметката на Катица Јанева додека траела предистражната постапка за случајот ,,Рекет“.

Премиерот Зоран Заев, пак, изјави дека ако имало злоупотреби во исплатата на законски определените додатоци, тогаш одговорност мора да има.

Инаку, огромни суми како бонуси земала екс јавната обвинителката, Катица Јанева, заедно со обвинителите. 

Илјадници евра примила Јанева и нејзиниот тим по основ на додатоци. Таа во својот мандат добила дополнителни 157.000 евра. Само за 2019 година земала  28.455 евра. Во текот на седум месеци си доделувала по 250.000 денари како додаток за доверливост, да не ги открива разговорите од „бомбите“. Базата „Отворени финансии“ покажува дека дел од бонусите, 400 евра биле за кирија,  а по 42 евра  надоместок за работењето надвор од градот.  

Додатоците почнале да се доделуваат од 2015 година. Почнале со 70 000 денари и се зголемувале секоја година.

Обвинителите само во 2019 година земале по дополнителни 17.000 евра. 


Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“