Јанева и нејзиниот тим земале огромни суми како бонуси
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019
Oгромни суми како бонуси земала екс јавната обвинителката, Катица Јанева и обвинителите.
Илјадници евра примила Јанева и нејзиниот тим по основ на додатоци. Таа во својот мандат добила дополнителни 157.000 евра. Само за 2019 година земала 28.455 евра. 7 месеци си доделувала по 250.000 денари како додаток за доверливост, да не ги открива разговорите од „бомбите“. Базата „Отворени финансии“ покажува дека дел од бонусите, 400 евра биле за кирија, а по 42 евра надоместок за работењето надвор од градот.
Додатоците почнале да се доделуваат од 2015 година. Почнале со 70 000 денари и се зголемувале секоја година.
Обвинителите само во 2019 година земале по дополнителни 17.000 евра.