29 Април, 2024
0.2064

Објавен протоколот: Странците од утре ќе транзитираат низ Македонија и ќе може да точат гориво

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Странските државјани од утре ќе може слободно да транитираат низ Македонија без да се најават, а денеска беше објавен и протоколот по владината одлука од 15 јуни 2020 година да се дозволува влез и излез на странски државјани низ територијата со почитување на мерките за заштита.

Според протоколот, странците ќе може да застанат да наполнат гориво на бензинските станица кои се на нивната рута, но со задолжително почитување на сите протоколи на Министерството за здравство кои се во сила, со цел спречување на внесувањето и ширење на коронавирусот.

„Компаниите на бензинските станици се должни да спроведат засилени контроли и надзор над примената и почитување на мерките и надзор при спроведувањето на истите“, гласи во објавениот протокол.

Патниците можат да ги користат само граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Кафасан, Блаце и аеродром Скопје. Транзитот подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг од претходно наведените премини, со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат, тој да се реализира во рамките на најмногу пет часа 

Се воведува нова изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез на територијата на РСМ, граничната полиција да ја завери, а која при излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот. Доколку ова не се почитува, тие ќе бидат упатени во државен карантин, со цел проверка на нивната здравствена состојба.

Со влегувањето во сила на овој протокол престанува обврската за странските државјани да го најавуваат своето патување преку нивните дипломатско - конзуларни претставништва, што беше услов за спроведување на транзитот.

Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега