ОБЈАВИЛА ОГЛАС: Бегалка сака да се продаде за 45 448 долари
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2017
8-годишна бегалка сака да се продаде за 45 448 долари.
Таа пуштила оглас на сајт за продажба на стари, непотребни предмети од втора употреба
8-годишната бегалка ставила оглас дека се продава за 45 448 долари, соопшти Ruptly.tv.
Девојчето е сместено во бегалски камп во Германија, дополнуваат локални медиуми.
Таа е со либански потекло и живее заедно со своето семејство.
Не е јасно кој го провоцирал детето да ја напише токму оваа сума, ниту како успеала сама да се снајде и да објави оглас.
Мотивите исто остануваат нејасни.
Огласот и била поставена на страницата на сајтот "Shpock".