Добивај вести на Viber
Во врска со објавениот текст со наслов „Зошто Владата вложи 1 милион евра во акции на МЕР“? во прилог е интегралниот текст на одговорот од Владата:
МЕР АД Скопје е акционерско друштво во 100% државна сопственост и истото работи на исполнување на Програмата на Владата за реализација на Националната стратегија за гасифилација на државата.
Станува збор за зголемување на основната главнина со влогови преку издавање на нови 10,390 акции од петта емисија по пат на приватна понуда во согласност со Законот за трговските друштва, Законот за хартии од вредност и подзаконските прописи.
За непречена реализација на проектите за изградба на магистралните гасоводи, делница БС5-Неготино, Скопје-Тетово-Гостивар, Неготино-Прилеп-Битола, како и Инретконективните водови меѓу Македонија и Грција и Македонија и Србија и др., покрај средства за градба потребни се и средства за експропријација, средства за оперативно работење на Друштвото и сл.
Овие средства МЕР АД Скопје ги обезбедува преку зголемување на основната главнина на Друштвото, со влогови преку издавање на нови акции по пат на приватна понуда, согласно Законот за хартии од вредност, со што Владата се стекнува со нови акции, велат од Владата на РМ.
Р.Ф.