18 Мај, 2024
0.0288

Образование, наставен кадар и добро образовани ученици

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2019

Добивај вести на Viber

При крај сме со летните одмори. Почнува новата учебна година со нови предизвици. Но и неизвесности. На една страна активно се работи на нови законски прописи, реформи во образованието за создавање стручни кадри преку реформирани образовни програми, но истовремено од друга страна имаме незадоволен наставнички кадар кој ќе треба да ги спроведе овие политики. Ние заборуваме за реформи и новини кои треба да се направат во образованието во време кога во нашата земја се поткопува правниот систем, за што потврда стига и преку Извештајот од Европската комисија за напредокот на нашата земја, каде не случајно Комисијата дала забелешка дека: „Квалитетот на образованието е загрижувачки на сите нивоа и системот останува ранлив на политичкото влијание и на корупцијата.“

Ова се потреси кои создаваат недоверба во системот на државата, несигурност, страв, паника, а сите ние треба да продолжиме да веруваме (во случајот на образованието) дека Државниот просветен инспекторат ќе направи реална евалуација во работењето на едно училиште или правилно ќе донесе одлука на една поднесена претставка и сето тоа во насока на поставување на образовниот систем како еден од главните столбови на развој на нашата младина која треба да биде носител на општествените промени на земјата. 
По низа јавни дебати експресно се донесоа неколку закони: Законот за наставници и Законот за основно образование - кој треба да биде основа за подготовка на следните нови закони: Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за образование на возрасните. Потребно е да се направат измени во образовните процеси затоа што недостатоците во наставните програми кои треба да се базираат на резултати од учењето се клучни за немањето потребни вештини кои ги бара бизнис заедницата, а со тоа се нарушува продуктивноста на трудот и конкурентноста на економијата. 
Но, како и да е, не смееме да очајуваме. Мора да ги продолжиме процесите кои на повеќе нивоа во државата се веќе започнати, а каде Стопанската комора на Македонија  веќе неколку години активно е вклучена. Време е да се работи на остварување на визиите кои се зацртани, а слабостите кои се присутни на пазарот на работната сила и несовпаѓањето помеѓу вештините што се нудат од образовните институции и вештините што се бараат на пазарот на работната сила, конечно да почнат да се надминуваат преку конкретни чекори и мерки. Ова пред се` е поради фактот што и според Европската комисија, 80% од невработените во нашата земја се долгорочно невработени, како одраз на неусогласеност на вештините и компетенциите. Тоа негативно се одразува на економијата и социјалата во државата, предизвикува зголемување на невработеноста, посебно кај младата популација, а повлекува и пад на продуктивноста и конкурентноста не само на национално, туку и на глобално ниво.

Фокусот на активностите мора да биде на образовните процеси, затоа што образованието е комплексен процес, а истовремено и двигател на развојот на општеството. Неговите последици се чувствуваат во економијата, во културата, науката, но и во државата во целост.

И повторно ќе ги споменам петте приоритети на кои треба да се работи:

1. идентификување на  мисијата и визијата на образованието;
2. промена на пристапот на учење за стекнување на општи,  трансверзални и практични вештини; 
3. пошироко вклучување на бизнис-заедницата во образовниот  процес;
4. зголемување на јавните трошоци за образование - околу 6%  од БДП;
5. подигнување на нивото на квалитетот на реализацијата на  практичната обука на учениците во компаниите.

Само така нема да дозволиме резултатите на учениците од нашата земја од меѓународното ПИСА-тестирање да бидат слаби, односно од 72 држави учеснички во студијата, во читање со разбирање и во писменост во природните науки да се наоѓаме на 69-то место, а во математичка писменост на 68-то место и резултатите да бидат под просекот на ОЕЦД.

И за крај, една држава ќе биде онолку економски богата, колку што вложува во образованието.


м-р Наташа Јаневска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата