18 Мај, 2024
0.0319

Обвинителството бара притвор за учителката и другите лица кои дилале дрога

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Учителката и другите четири лица кои дилале дрога ќе одат во притвор. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против петмина осомничени за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 и член 45 од Кривичниот законик.​

Во периодот од крајот на јануари до средината на март, осомничените четворица мажи и една жена, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.

Со посебни истражни мерки и други дејствија по наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази за основано сомнение дека осомничените во наведениот период неовластено произведувале и заради продажба купувале, држеле и продавале психотропна супстанца – амфетаминстимуланс на централниот нервен систем (ЦНС) кој е класифициран во Националната листа II на контролирани психотропни супстанции.

„При претресите извршени на седум локации во Скопје во текот на вчерашниот ден и рано утрово, припадници на Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје открија лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со проценета вредност на „црниот пазар“ од околу половина милион евра – амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, повеќе дигитални ваги и опрема за производство на амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, како и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Еден од осомничените се товари и за кривично дело – Неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи при претресот кај него била пронајдена и автоматска пушка, 667 куршуми со различен калибар, рамки и други делови од огнено оружје“, велат од ОЈО. 

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи оцени дека постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото.​


Полицијата од СВР Скопје и криминалниот оддел уапсила пет лица, кои продавале дрога во изнајмени станови во Центар и Ѓорче Петров, објави Тони Ангеловски, портпаролот на МВР на денешната прес-конеференција.

За едниот дилер, гласноговорникот на МВР потврди дека е учителка од основно училиште и дека продавала дрога надвор од работното време.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување