Очекувајте обилни врнежи од дожд
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2020
За два дена во земјава ќе има обилни врнежи од дожд.
Синоптичарите најавуваат поројни дождови за недела и понеделник.
„Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, в недела кон крајот на денот и в понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2)“, соопштуваат од УХМР.
Во понеделник на планините ќе вее снег.
Вчера слаби врнежи од снег имаше на Попова Шапка.Во регионот веќе има снежна покривка, а во Хрватска имаше и поплави во Сплит.