03 Мај, 2024
0.0326

ОД БЕЛГРАД ДО ВИЕНА, ЗА ЛИДЕРСТВО И ЗА ЖЕНИТЕ - каде е сега екс министерката Нина Ангеловска

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Екс министерката за финансии Нина Ангеловска покажува дека знае да биде активна и исполнета не само на министерската функција, туку и во областа на нејзината прва животна преокупација и љубов, а тоа е бизнисот. 
И не само тоа, туку таа веќе почна активно да учествува на бројни европски и регионални бизнис конференции, кои се однесуваат на лидерство, иновативност, правата на жената и слично.

Вчера Ангеловска била во Виена, каде, како што објаво на фејсбук, имала прилика да зборува на конференција "Women's Excellence Circle-Austria Connects with SEE" организиранa од Southeast Europe Business Development Network (SEEBDN).

На панелот насловен "Интернационално лидерство и одговорности" зборувала за лидерство во време на криза, разликите во лидерството во приватен и јавен сектор како и за справувањето со ковид-кризата, дигитализацијата, соработката со ЕУ...

„Иако лидерство во јавен и приватен сектор е фундаментално различно, како и лидерство во време на криза, неколку клучни карактеристики кои би ги издвоила се: брзина пред прецизност, бидејќи работите се менуваат многу брзо, апсорбирањето на информации и способноста за брзо расудување и носење одлуки е клучна, потоа храбра адаптација на секоја ситуација, особено во време на ковид-криза чија главна одлика е непредвидливоста, преземање одговорност и редовна и јасна комуникација. Ми беше задоволство што имав прилика да запознаам исклучително квалитетни жени. Во Австрија 45 отсто од компаниите се основани од жени, а една од три е водена од жена. WB регионот има уште многу работа...“, напиша Ангеловска.
Пред неколку дена, пак, ексминистерката беше во Белград на Innovation Week настан кој го организираше српска организација посветена на економско зајакнување на жените и нивна афирмација.

„На панелот "Developing innovative and inclusive regional ecosystem" разговаравме за важноста на регионалната, но и меѓу-генерациската соработка која е клучна за развој базиран на иновации. Во фокуст беше и иклузивноста како и е-трговијата која има голем потенцијал за земјите од регионот кој треба да се искористи, а уште повеќе во време на ковид“, напиша Ангеловска.

Ова всушност беше нејзино прво објавување на некоја своја активност на социјалните мрежи, по подолг молк, практично откако му ја предаде престижната функција во Финансии на нејзиниот наследник, министерот Фатмир Бесими. 

Засега нема информации дали Ангеловска би добила некоја од државните функции, како што се директорските места по државните институции, чија распределба се „крои“ деновиве, и како што најави премиерот Зоран Заев, треба да заврши до 20 октомври. Оттаму се и претпоставките дека екс министерката најверојатно се враќа во бизнисот. 

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи