05 Мај, 2024
0.0247

Од месецов „неодговорните“ државни институции ќе плаќаат поевтина струја

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Од почетокот на месецов потрошувачите на електрична енергија на слободниот пазар кои немаат договор со трговец, условнмо кажано, ќе плаќаат помали сметки за струја. Промената на тарифниот систем од страна на Регулаторната комисија за енергетика за продажба на електрична енергија од ЕВН како снабдувач во краен случај стапи на сила од 1 октомври. Маржата која ја пресметува крајниот снабдувач од досегашните 50 отсто, сега се намалува на 20 отсто 

Околу 500-тини интитуции на централно и локално ниво се снабдуваат со електрична енергија од слободниот пазар, а некои од нив немаат договори со трговците и поради тоа на ЕВН Снабдување како краен снабдувач му плаќаат дури 50 отсто повеќе и од онака скапата струја чија цена се формира на меѓународната берза.

Како што истакна претходно министерот за економија Крешник Бектеши, тие непотребно прават трошоци и штета на сметка на буџетот на институциите со кои раководат и плаќаат многу поскапа цена на електрична енергија која се премсетува според Регионалната унгарската берза ХУПЕКС.

-За жал овие субјекти непотребно го трошат буџетот било тоа да се на локалната самоуправа или на одредена општина каде што се тие основни и средни училишта или пак на централно ниво, бидејќи тие средства може да се користат за инвестици за подобрување на условите, а тие од јануари се до денеска не ги имаат склучено договорите и плаќаат околу 50 отсто поскапа електрична енергија од тоа што е на берзите. Затоа ние како Влада одлучивме да донесеме вакви измени, а дополнително ќе побараме извештаи кон почетокот на октомври за тоа колку се штеди електрична енегија и од овие институции и тоа дали ги склучиле соодветно договорите, се со цел да придонесат во ублажување на енергетската криза, а дополнително да не го трошат неодговорно буџетот на граѓаните – изјави Бектеши.

Покрај државните институции, на слободниот пазар се и околу 1.500 компании, меѓу кои голем дел од нив на почетокот од енергетската криза останаа со раскинати договори со трговците и мораа струја да обезбедуваат од ЕВН како краен снабдувач.

Регулаторната комисија за енергетика донесе измена на тарифниот систем во која цената на слободниот пазар од HUPX берзата наместо со 1,5, сега ќе се множи со коефициент 1,2.

Бектеши претходно информираше дека ова се прави пред се поради неодговорните државни институции меѓу кои голем дел од своите буџети трошат за електрична енергија од крајниот снабдувач, наместо да имаат договори со трговците на слободниот пазар.

- Ако едно училиште купувало струја од слободниот пазар тоа би ја плаќало 440 евра по мегаватчас. Тука влегува 400 евра од HUPX цената и 40 евра за трговецот. Но бидејќи нема договор, училиштето плаќа 600 евра за мегават час - 400 евра за HUPX и 200 евра како 50 отсто плус за крајниот снабдувач. На крај, разликата е 160 евра која треба да ја плати државата, рече Бектеши и додаде дека оваа мерка ќе биде и големо олеснување за компаниите на слободниот пазар.

Ова како мерка Владата на седница, која се одржал на 30 август 2022 година, го препорача до Регулаторната комисија за енергетика за да се измени тарифниот систем во насока на промена на цената која ја плаќаат потрошувачите кои се снабдуваат од снабдувачот во краен случај, односно да се измени формулата.

Економско-енергетскиот совет на Владата минатата недела одлучи на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава. Советот, како што соопшти премиерот Димитар Ковачевски на вонредна пресконференција, донесе и одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ Продажба по поповолна цена од берзанската. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години