Од овие работни навики мора да се ослободите
Објавено во: Стил 27 Мај, 2017
За да бидете поуспешни на работа, од некои деловни навики мора да се ослободите.
Мејлови
Можеби мислите дека уште од утрото треба да започнете со читање на мејловите, но не треба.
Исклучување
Со оглед дека знаеме колку е тешко да се исклучите во текот на забрзаниот и напорен работен ден, ви предложуваме барем за време на викендот да останете подалеку од сите нешта поврзани со работата, мејловите, повиците, состаноците. Во сабота и недела, технологијата би требало да ви служи исклучиво за договор со пријателите и семејството.
Неуредно биро
Неуредното биро нема да ви дозволи правилно да се концентрирате на работата. Исфрлете ги сите непотребни работи, искористете ги фиоките, ставете омилена слика на бирото, вазна со цвеќе и ништо друго.
Доцнење
Не само што со доцнење се остава впечаток на неуредност и незаинтересираност, доцнењето прави со стрес да го започнете денот затоа што брзате, па обврските нема да ги завршите. Обидете се да дојдете навреме, работите да ги извршите навреме, со цел да имате време за квалитетни паузи и навремено да си заминете од работното место.