Од утре во Косово и во Србија без ПЦР тест, потсетува Груби
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2020
Од утре во Косово и во Србија се патува без ПЦР тест.
Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата, изјави дека од утре граѓаните на нашата земја ќе може да патуваат во двете соседни земји без ПЦР тест.
„Како што е познато, веќе долго време граѓаните на Албанија доаѓаат во нашата земја без никаков тест, и нашите граѓани патуваат во Албанија без тест. Од утре се надевам дека тоа ќе биде случај и со Косово и со Србија“, изјави Груби.