Од утре во важност само сертификат со две дози
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2021
Од утре за влез во угостителски објекти, молови и настани ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Досега како потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, се сметаше примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19.
Од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, се сметаат примени две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, соопштија од владината прес-служба.