29 Април, 2024
0.0284

ОД ВУХАН ДО ОМИКРОН-БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА: Лекарите кои лично се соочија со болеста отворено за физичката болка и за стравовите, д-р Чадиковски и д-р Камнар за Фактор

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Зад нас е уште една пандемска година, а веднаш на прагот на новата 2022 светот има нов предизвик. До кога? Едноставно прашање кое речиси секојдневно провејува во мислите на секој човек. До кога?-Ниту најголемите умови на денешницата немаат одговор на ова прашање. Одговараат кусо „борбата продолжува“. А во секоја мала или голема битка има херои. Во нашата современа и досега воопшто позната на човештвото, најсофистицирана борба, против двегодишниот невидлив, непознат непријател, нашите хероите се облечени во бело-лекари, медицински сестри, болничари.... Никој не ја знае нивната супер моќ, но се борат беспоштедно, цели две години. Се борат за секој човечки живот, за пациентите кои го бараат последнит здив, за стотиците на одделенијата за интензивна нега...Но дури и тие со нивната супер моќ, за жал, во даден момент потклекнуваат пред вирусот, бидејќи човештвото гледа дека Ковид-19 не бира...Ова е приказна за сите наши херои облечени во бело.

Како дел од нив ја поминаа болеста, за што размислуваа додека им минуваа деновите со температура, деновите во кои чувствуваа болки по целото тело, за Фактор отворено сведочат детскиот кардиохируг д-р Владимир Чадиковски и д-р Виктор Камнар, специјалист по ортопедска хирургија. И двајца велат дека дури и сега по цела година од инфекцијата со корона вирусот, уште ги чувствуваат последиците.

-Toчно една година помина откако лично го доживеав искуството со прележување на корона вирусот, Ковид-19. Заболевме сите од моето потесно семејство, и сопругата и децата. Кај мене текот на болеста беше со поблага симптоматологија и без драматична клиничка слика, сосема слично како и кај моите деца, но за жал мојата сопруга го помина многу потешко. Имаше и наод на белите дробови. Ова беше период што траеше повеќе од еден месец, во кој и покрај секојдневните проблеми, температура, кашлање, главоболки, целото мое семејство се соочуваше и со стравот-што понатаму. И за нас лекарите, барем лани, SARAS Cov-2 беше болест-енигма, непозната целосно, со неверојатно различни клинички слики од пациент до пациент, непредвидлива до крај. Кога мислиш дека станува подобро, човекот го снемува за само неколку минути. Дури и сега по повеќе од една година уште имам некои последици, не ми се вратени целосно ниту мирисот, ниту вкусот. А во првите неколку месеци од прележувањето, чувството на замор, понекогаш и потешко дишење не ме напушти. Затоа апелирам до секој човек да се вакцинира, сите треба да разберат дека вакцинацијата против корона вирусот е клучна. Не од аспект дека корона вирусот ќе се искорени до крај. Инфекции секако ќе има, се виде дека ниту вакцините не ја даваат онаа 100-процентна заштита дека никогаш нема да се заразиме, но барем нема да бидеме сведоци на оние слики кога луѓето се бореа очајнички да го земат последниот здив. Болеста ќе се сведе на лекување дома, а не на ставање на респиратори стотици пациенти, посочува д-р Камнар.

Со многу потешка клиничка слика, со пневмонија и со температура цели десет дена, ковид-19 го прележува и д-р Чадиковски. 

-Беше исклучително тешка состојба, се лекував дома три недели. Имав обилна пневмонија, но за среќа сатурацијата не ми падна, заради што и не ме хоспитализираа. Страшен е и периодот по излекувањето. Последиците од болеста, дали психолошки, а најверојатно е така, бидејќи при клиничките испитувања се беше во ред, ги чувствував и во наредните неколку месеци. Можеби имам и уште потешкотии, навистина не знам или можеби е само коинциденција со некои стресни ситуации кои ги имам, но би сакал да потенцирам, ако веќе не постои начин да се избегне заразата, многу е полесно болеста да се помине со две дози вакцина, отколку со ниедна. За жал, јас се заразив кога во Македонија се уште немаше вакцини. Ковид-19 се уште го држи светот во неизвесност, не се поштедени ниту најмладите, кај кои пак е карактеристичен тој пост-ковид синдром при кој настанува воспаление на повеќе органи. Ковид-19 е болест од која допрва човештвото ќе ги чувствува последиците, и тоа не само од аспект на здравјето на луѓето, посочува д-р Чадиковски.

Ковид-19 сериозно го погоди здравствениот сектор низ светот и според податоците од Светската здравствена организација, од јануари 2020 до мај 2021 година се проценува дека од оваа болест починале околу 115.000 медицински лица-лекари, медицински сестри болничари. Во Македонија, според податоците до мај 2021 регистрирани се 3.439 случаи меѓу здравствени работници, за жал повеќе од 30 лекари и медицински сестри, докрај не се изборија со корона вирусот.  

Уште колку време нанапред ќе бидат доделувани признанија за најхрабрите, за хероите кои со денови се одделени од семејства, за долгите дежурстава, за повеќебројните реанимации во текот на ноќта и денот...никој не знае. И тие самите, како и светот воопшто само се надеваат дека можеби на борбата и се гледа крајот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања