28 Април, 2024
0.0265

ОДИМЕ ЛИ УТРЕ НА КАФЕ - белградските угостители можат да почнат, но не сите брзаат

Објавено во: Балкан 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во изолација, заборавивме на некои од нашите нормални животни навики. Сè што честопати „земаме здраво за готово“ сега сфаќаме колку всушност го исполнува нашето време или претставува дел од нашиот идентитет. Бевме сведоци на отворање фризерските салони и спортските сали каде што граѓаните побрзаа за повторно да вдишат од нормален живот. 

За утре во Србија е најавено отворањето на кафулињата, но, пишува Блиц, се чини дека никој сè уште не е сигурен.

Напролет, убавото време обично ги привлекува белградските жители на разговор и шолја добро кафе. Тоа е речиси бренд на Белград! Преполни беа градските плоштади со луѓе што се дружат и уживаат во храна и пијалок и живописно ги раскажуваат нивните авантури, мисли и чувства. А после оваа долга изолација, навистина, многу ни се собра за раскажување. 

Сепак, судејќи според некои кафулиња во главниот град со кои контактирале, се чини дека граѓаните нема брзо да имаат можност да уживаат во „утринско кафе, токму таму на аголот“.

„Се уште не сме решиле дали да го отвориме кафулето на 4 мај. Не започнавме ниту со подготовките. Има многу тоа да се подготви и можеби не вреди човек да се занимава бизнис под овие мерки“, изјавиле за Блиц од едно кафуле во Белград.

Проблемите што генерално ги наведуваат кафулињата и рестораните се економски по природа. Полицискиот час сè уште не е укинат, а познато е дека најголемиот број од посетители на угостителските објекти доаѓаат баш во периодот кога трае забраната.

Новинарите на „Блиц“ го забележале сопственикот на едно кафиле во белградската општина Вождовац додека оставал поголема количина на средства за дезинфекција во својот локал.

„Набавивме средства за дезинфекција и сè што беше пропишано. Ги набавив за секој случај, но секако ќе ни требаат - сепак работиме со луѓе и храна. Но, сè уште нема да ги започнеме подготовките бидејќи не планирам да работам во понеделник. Премногу е рано, според мое мислење. Мислам дека луѓето сè уште се исплашени и не вреди за мене да работам по овие услови. Повеќето од моите гости доаѓаат по 18 часот, а тоа е токму кога ќе започне полицискиот час“, изјавил сопственикот.

Сепак, некои храбри угостители најавиле дека наскоро ќе ги примат белграѓаните. Можеби не баш понеделник, но следната недела.

Во земјава преговорите меѓу надлежните и угостителите почнаа, но не се откриваат детали дала и што е договорено. Не се знае датумот кога би се дозволило да се отворат локалите.

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб