Одржан е Тениски фестивал “Запознај го тенисот низ игра и дружба”
Објавено во: Мои пари 14 Април, 2025 14:48
Викендот во Градскиот парк на Школка во Скопје, се одржа првиот од низата Тениски фестивали за деца во организација на Тениската Федерација на C.Македонија. Овој настан под слоганот “Запознај го тенисот низ игра и дружба” го означи и почетокот на новата тениска сезона посветена на најмладите љубители на спортот.
На наше големо задоволство, фестивалот собра околу 300 деца на возраст од 4 до 15 години, кои имаа можност за првпат да се запознаат со основните движења и техники во тенисот, под внимателно водство на нашите професионални тренери. Преку игра, дружење и спортски дух, децата направија свои први чекори на тениското игралиште и со тоа го почувствуваа возбудливиот свет кој тенисот го нуди.
Целта на настанот беше да се афирмира тенисот меѓу младите, да се поттикне нивниот интерес и да се поттикне што повеќе деца да започнат со тренинг на тенис. Децата и нивните родители, воодушевени и полни со енергија, покажаа голем интерес.
Експертите нагласуваат дека децата кои од најрана возраст се занимаваат со спорт полесно развиваат самостојност, одговорност и концентрација. Веќе од 6-годишна возраст, децата се подготвени за организирани активности, а тенисот е одличен избор. Како и физичката активност воопшто, тенисот е сигурен рецепт за правилен раст и развој на децата. Во оваа смисла, важно е да се создаваат и негуваат спортски навики од најмала возраст, бидејќи тенисот има важна улога во здравјето и телесниот развој.
Веруваме дека за многумина од нив ова беше првиот контакт со тенисот, кој можеби ќе прерасне во љубов за цел живот. Искрено се надеваме дека некои од овие млади таленти еден ден ќе бидат идните амбасадори на македонскиот тенис на меѓународната сцена.
Особена благодарност до нашите верни поддржувачи и спонзори, кои со својата поддршка овозможуваат реализација на вакви значајни настани: УНИБанка – генерален спонзор, како и Витаминка, Аутомобиле СК, Чунга Лунга, Триглав Осигурување, СЕТЕК, Горска вода и Порта Инженеринг. Вашата енергија и доверба се движечка сила за развојот на младинскиот тенис во Македонија.
Во продолжение, ви пренесуваме дел од прекрасната атмосфера и радоста која се чувствуваше на настанот, преку фотографии од самата манифестација.
Можеби ќе ве интересира
„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“
Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
