15 Декември, 2025
0.0471

„ЗАМИСЛЕТЕ ДЕТЕТО ВИ ДОБИВА ТЕМПЕРАТУРА ВО СРЕД НОЌ, СЕ НАОЃАТЕ ВО ДОЈРАН- ЕДИНСТВЕНА ДЕЖУРНА АПТЕКА ВО СКОПЈЕ“: Мајка немала каде да купи сируп за детето

Објавено во: Македонија 22 Април, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Помалите населени места според Елена Гижаровска, имаат проблем со дежурни аптеки. Таа тоа го тврди откако се обидела да пронајде една во Дојран и околината, откако нејзиното дете качило температура. Со статус на фејсбук реагира, а нејзиниот пост масовно се споделува на социјалните мрежи.
Замислете вака: детето ви добива температура во сред ноќ. Се наоѓате во Дојран. Ви треба аптека.

Најблиската дежурна?

Во Скопје. 180 км одалечена.

Да, да - 180 км до најблиската дежурна аптека од Дојран.

Според Google Maps, има една аптека 24/7 во Струмица…

Само што е затворена пред 4-5 години. Но нема врска, барем виртуелно постои, нели?

Очигледно, децата надвор од Скопје не се разболуваат навечер.

Или можеби се очекува да се телепортираат?

Или пак температурата да почека до утре, кога ќе се отворат аптеките?

Навистина не ми е јасно како живеат луѓето во овие места, особено со мали деца.

Што треба да направат за да добијат основна здравствена помош после 8 часот навечер?

Ова не само што е срамота — ова е апсурд.

Добредојдовте во реалноста на рурална Македонија: каде што географијата решава дали твоето дете ќе добие здравствена помош или не“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“