13 Мај, 2024
0.0264

ОФИЦИЈАЛНО ПОТПИШАНО: Трамп ги затегна визите за странски работници

Објавено во: Свет 19 Април, 2017

Добивај вести на Viber

САД ги ограничуваат странските работници. Претседателот Доналд Трамп потпиша вчера декрет „Купувај американско, изнајмувај Американци“, кој ќе даде поттик за промена на редоследот по кој се издаваат визи за вработување на висококвалификувани странски специјалисти, или т.н. визи Н-1В.

Претседателот го потпиша текстот во Кеноша, во државата Висконсин, каде што го посети седиштето на фабриката за машини „Снап-он“ (Snap-On Inc.).

„Испраќаме силна порака до светот дека ќе ги заштитиме работниците и работните места и конечно ќе се стави Америка на прво место“, изјавил Трамп за време на церемонијата.

Американскиот претседател не може со обичен декрет да го промени бројот на издадени визи, но Белата куќа се надева со указот да даде поттик на идната законска реформа.

Потпишаниот текст им наредува на министерствата за труд, правда, за домашна безбедност и на Стејт департментот да предложат реформи во системот за издавање на визи H-1B. Идејата е да се избегнат измамите и да е сигурно дека се привлекуваат најспособните кадри.

Овие визи се наменети за странци за работни позиции кои бараат високо образование, вклучувајќи во областа на науката, инженерството и компјутерско програмирање. Владата издава по 65 000 визи секоја година преку лотарија и уште 20 000, повторно, по случаен избор, на новозавршени студенти.

Најмногу од овие визи одат во корист на големите технолошки компании.

Уште еднаш Трамп го искористи своето право да издава декрети (извршни заповеди), за да ги исполни предизборните ветувања.

Со наближувањето на 100 дена од преземањето на функцијата, Трамп сеуште нема големи законодавни достигнувања.

Бидејќи неговите обиди да го реформира здравството и даночните закони засега остануваат безуспешни, претседателот многу се потпира на декрети, за да постигнат промени во американската економија, посочи Ројтерс.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата