20 Јуни, 2021
0.0194

Официјално: Заев и Рама одат кај Вучиќ

Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2019

Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ денеска официјално го потврди заедничкиот состанок со македонскиот и албанскиот премиер - Зоран Заев и Еди Рама в четврток во Нови Сад.

Оваа средба е поттикната помеѓу тројцата политички лидери уште на Генералното собрание на ОН во Њујорк а замислата е трите земји од Западен Балкан да формираат таканаречен „Мал Шенген“ за земјите од регионот така што ќе се олесни трговијата и соработката, иако скептиците од друга страна сметаат дека не е добро да се формираат вакви групирања надвор од ЕУ.

Средбата е закажана за 10 октомври во Нови Сад во Офицерскиот павиљон на Петроварадинската тврдина, а Вучиќ за оваа идеја  рече дека станува збор за „епохална идеја“ која добила „целосен консензус“ од премиерите на Северна Македонија и Албанија.

– Сфативме дека поединечно сме мали и слаби, но ако се обединиме во однос на економските слободи, ако излеземе како блок кон Европската Унија и другите, верувам дека нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме поцврсто економски да се поврземе, со што драматично би го зголемиле нивото на инвестирање, такво опкружување каде би имале целосна слобода на движењето, сообраќајот и услугите, сето ова би не подигнало и за тоа наидов на целосна отвореност на Заев и Рама, кажа претседателот на Србија.


Можеби ќе ве интересира

Што се случи со националниот доход по распадот на Југославија?

Што се случи со националниот доход по распадот на Југославија?

Албанија набави бесплатни брзи тестови за туристи

Албанија набави бесплатни брзи тестови за туристи

Четиринаесетгодишно момче испило еден литар водка и заврши во болница

Четиринаесетгодишно момче испило еден литар водка и заврши во болница

ИМА ПОВРЕДЕНИ: Нова експлозија во „Слобода“ во Чачак

ИМА ПОВРЕДЕНИ: Нова експлозија во „Слобода“ во Чачак

Не ви треба вакцина ниту ПЦР тест за летување кај нив

Не ви треба вакцина ниту ПЦР тест за летување кај нив

Словенците ќе можат да бираат вакцина

Словенците ќе можат да бираат вакцина

Koлку туристи сега летуваат во Хрватска?

Koлку туристи сега летуваат во Хрватска?

Црна Гора засега останува на „црвената листа“ во ЕУ

Црна Гора засега останува на „црвената листа“ во ЕУ

Aко летувате во Црна Гора, земјата од денеска ги олеснува рестрикциите

Aко летувате во Црна Гора, земјата од денеска ги олеснува рестрикциите