Огромна заплена на марихуана во Грција
Објавено во: Балкан 03 Март, 2018
Грчките полициски власти успеаја да запленат огромна количина на марихуана која од Кипар била шверцувана, а најверојатно требало да заврши на европскиот пазар
Во водите јужно од Крит, грчката крајбрежна стража пресретна брод со странско знаме, кој пренесувал два тони канабис, јави грчката новинска агенција АНА. Нема податоци за потекло на дрогата, ниту кој ја пренесувал.
Според изворите на грчката агенција, бродот кој претходно бил под истрага, бил запрен јужно од Крит, во близина на градот Иерапетра.
Како што пренесува агенцијата, бродот-теглач, кој пренесувал дрога тргнал од Кипар, а цел му било пристаниште во Шпанија. Во тек е истрага.