15 Мај, 2024
0.0263

ОКТА доби признание за општествена одговорност за еко проект за прочистување нафтен талог со помош на растенија

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Проектот на ОКТА за фиторемедијација, односно прочистување на нафтен талог со помош на растенија, доби признание за една од најдобрите општествено одговорни практики во 2018 година. Признанието го доделуваат Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијатасо цел да се промовираат добрата корпоративна практика, иновативноста и одговорниот однос на компаниите кон заедницата и животната средина.

Проектот „Од нафтен талог, преку растенија, до чиста животна средина“ е прв од ваков вид спроведен во земјава и е реализиран во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна. Станува збор за иновативна постапка на мешање на нафтениот талог, депониран како остаток при процесот на преработка на сурова нафта во изминатите 30 години, со почва во која се одвива природен процес на биоразградување и фиторемедијација. За тоа се користи природен начин на справување со индустрискиот талог, со помош на микроорганизми и растенија, како биолошки третман во затворени бетонски базени и без употреба на хемикалии. На тој начин, наместо нафтен талог се создаде земјиште на кое се одгледуваат растителни култури.

На овој проект работевме навистина посветено. Ги вклучивме сите потребни сектори од компанијата, академската јавност и консултиравме разни експерти од областа со цел да постигнеме што поголеми придобивки и подобри резултати. Во целата работа нè водеше идејата да создадеме решение што ќе биде корисно не само за ОКТА, туку и за сите компании кои на кој било начин се соочуваат со индустриски отпад. На местото на кое претходно имаше нафтен талог, сега се одгледуваат житни култури. Затоа верувам дека со време, овој иновативен метод ќе придонесе кон изнаоѓање ефикасни решенија за заштита и прочистување на еко системот “, изјави Татјана Рикалоска, Менаџер за здравје, безбедност и животна средина во ОКТА.

Со имплементацијата на проектот, кој се реализира во повеќе фази, раководи тим составен од вработени во компанијата, поддржан од стручната помош на проф. д-р Татјана Миткова, проф. д-р Силвана Манасиевска Симиќ и доцент д-р Миле Маркоски од Факултетот за земјоделски науки и храна. При подготовката на еко-проектот беа користени искуствата на повеќе рафинерии во странство, институции и експерти кои работат во оваа област.


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти