17 Февруари, 2020
0.0240

ОКТА трета година по ред додели стипендии на 10 студенти на УКИМ

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2019

Десет студенти на УКИМ денеска ги потпишаа договорите со ОКТА, со кои добиваат целосни стипендии за постдипломски студии. Компанијата трета година по ред стипендира студенти од државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Со оваа програма се опфатени пет факултети од УКИМ кои се блиски и сродни со основната дејност на компанијата. Годинава со стипендии се стекнаа по двајца студенти на Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет и Економски факултет, и еден студент на ПМФ – Институт за хемија, додека на ФЕИТ беа доделени три стипендии. Стипендиите се наменети за втор циклус едногодишни студии, за учебната 2019/2020 година.


Преку својата општествено одговорна политика, компанијата ОКТА е активно посветена на унапредување на образовниот процес и поттикнување на младите да вложуваат во своето образование и знаење.

Покрај стипендирањето студенти за втор циклус студии во земјата и во странство, поддршката од ОКТА за студентите се проширува и преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и поддршката на различни активности за унапредување на наставно - образовниот процес на факултетите.

Можеби ќе ве интересира

Утре прекин на водоснабдувањето на повеќе улици

Утре прекин на водоснабдувањето на повеќе улици

„Шпаркасе Банка“ втора година по ред финансира старт-ап бизниси во соработка со програмата ЕаСи на ЕУ

„Шпаркасе Банка“ втора година по ред финансира старт-ап бизниси во соработка со програмата ЕаСи на ЕУ

Панел дискусија: #StraightToThePoint насоки од успешни стартап приказни

Панел дискусија: #StraightToThePoint насоки од успешни стартап приказни

На 20 месецов прекини на водоснабдувањето во повеќе населби

На 20 месецов прекини на водоснабдувањето во повеќе населби

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна Рипка вредна 500 000 денари

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна Рипка вредна 500 000 денари

Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат пари за ППР

Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат пари за ППР

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Samsung во нов поход - Кои се импресиите по лансирањето на Galaxy S20?

Samsung во нов поход - Кои се импресиите по лансирањето на Galaxy S20?

Непријатната вистина за иднината на Македонија со фосилниот гас

Непријатната вистина за иднината на Македонија со фосилниот гас