Оланд: Ле Пен е ризик за Франција, ќе гласам за Макрон
Објавено во: Свет 24 Април, 2017
Актуелниот француски претседател Франсоа Оланд му изразил поддршка за центристот Емануел Макрон на вториот круг од изборите за нов претседател на земјата во мај и ја нарече евентуалната победа на кандидатот на екстремната десница Марин Ле Пен „ризик за земјата“, пренесува AFP.
Во соопштението емитувано на телевизија, Оланд изјави дека Франција „ризикува да биде изолирана и да се откаже од Европската унија“, во случај претседател да стане Ле Пен и додаде:
„Од своја страна, јас ќе гласам за Емануел Макрон“ .
Емануел Макрон е кандидатот кој освои повеќе гласови во вчерашните избори во Франција.
Тој на 7 мај ќе води битка со Марин Ле Пен која заговара излез на Франција од ЕУ.